Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 23-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 25.09.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 2 ставови 1 и 2 од Законот за трансформација во редовен работен однос („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015 и 44/2015).
Реферат У.бр.43/2019

2. 1) Упатство за гласање на слепи лица, бр. 08-2160/1 од 29 септември 2017 година,
2) Упатство за неопределување на избирачки места за населени места во кое живеат помалку од десет избирачи, бр. 08-2161/1 од 29 септември 2017 година;
3) Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, бр. 08-1428/1 од 25 јули 2017 година;
4) Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња (член 115 од Изборниот законик), бр. 08-1427/1 од 25 јули 2107 година;
5) Упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот, бр. 08-1426/1 од 25 јули 2017 година;
6) Упатство за примена на член 113 став 3 од Изборниот законик за лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, бр.07-493/3 од 21 февруари 2014 година;
7)Упатство за примена на член 113-б од Изборниот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните канцеларии, бр. 07-972/1 од 14 март 2014 година;
8)Упатство за примена на член 111 ставови 4, 5, 6 и 7 од Изборниот законик – за болни и немоќни лица, бр. 02-3317/1 од 23 ноември 2016 година;
9) Упатство за примена на член 165 став 3 од Изборниот законик, бр. 08-3189/1 од 16 ноември 2016 година;
10) Упатство за постапување по член 78-а од Изборниот законик – за болни и немоќни лица, бр. 08-2943/1 од 4 ноември 2016 година;
11) Упатство за примена на член 21 ставови 2 и 3 од Изборниот законик за именување на претседател, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии и избирачките одбори, бр. 08-1280/1 од 27 април 2016 година;
12) Кодекс за набљудување на изборите и изборната постапка, бр. 08-1282/1 од 27 април 2016 година;
13)Упатство за постапката за вршење на јавен увид во посебниот извод од избирачкиот список за гласање во ДКП, бр. 08-1240/1 од 25 април 2016 година;
14) Појаснување за постапување на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија, бр. 07-1927/1 од 26 април 2014 година;
15) Упатство за примена на член 50-а став 6 од Изборниот законик, бр. 07-781/1 од 7 март 2014 година;
16) Упатство за примена на член 165 став 6 од Изборниот законик, бр.07-744/1 од 5 март 2014 година;
17) Упатство за примена на член 111 од Изборниот законик – за болни и немоќни лица – пречистен текст, бр. 07-493/5 од 27 февруари 2014 година;
18) Упатство за примена на член 112-а од Изборниот законик – за лица со посебни потреби, бр.07-493/2 од 21 февруари 2104 година;
19) Деловник на Државната изборна комисија, бр. 01-1322/1 од 6 јули 2017 година;
20) Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори, бр. 08-1321/1 од 6 јули 2017 година;
21) Правилник за утврдување на критериуми за начинот и постапката за избор на претседател, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии, изборната комисија на градот Скопје, избирачките одбори во Република Македонија, избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва и избирачки одбори за гласање во ДИК, бр. 08-1279/1 од 27 април 2016 година;
22) Правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот, бр. 01-302/1 од 2 февруари 2016 година;
23) Правилник за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки на различни бази на податоци и евиденции, бр. 01-149/1 од 21 јануари 2016 година;
24) Процедура за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки за различни бази на податоци и евиденции, бр. 01-149/1 од 21 јануари 2016 година;
25) Правилник за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија, донесен на 22 декември 2015 година, и
26) Правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите, бр.07-210/4 од 19 февруари 2016 година.
Реферат У.бр.54/2019

3. Член 112 став 3 точка 2-а) од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и 101/2019).
Реферат У.бр.62/2019

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.131/2018