Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 22-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 18.09.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 17-а став 2 алинеја 5 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.92/2007, 136/2011, 23/2013, 25/2013, 137/2013, 164/2013, 158/2014, 15/2015, 129/2015, 192/2015 и 30/2016);
– Членови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Правилникот за условите за вработените, организацијата, техничките и други услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење стручни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/2008), донесен од министерот за труд и социјална политика.
Реферат У.бр.64/2019

2. Правилник за критериумите за склучување на договори, утврдување на постапка за определување на месечниот износ на средства и начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот во примарната здравствена заштита во целина, а посебно член 6 став 4 алинеја 2, донесен од Фондот за здравствено осигурување на Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 224/2018).
Реферат У.бр.137/2018

3. Одлука за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови, бр.08-2034/4, донесена од Советот на Општина Центар – Скопје на 26 април 2018 година („Службен гласник на Општина Центар“ бр.7/2018)
Реферат У.бр.46/2018

4. Заклучок на Собранието на Република Македонија за граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија (бр.08-450/18 од 30 јануари 2019 година)
Реферат У.бр.53/2019

5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 08, (бул.Илинден, ул.Франклин Рузвелт, бул.Партизански Одреди и бул.8-ми Септември) донесена од Советот на Општина Карпош под бр.08-1483/5 од 20.02.2015 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2015).
Реферат У.бр.80/2019

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.132/2018

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.89/2019