Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 05.12.2018 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016 и 132/2016).
Реферат У.бр.115/2017

2. Член 27 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005).
Реферат У.бр.95/2018

3. Член 5 став 1 од Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на Република Македонија“ бр.187/2013, 201/2014 и 215/2015).
Реферат У.бр.103/2018

4. Одлука бр.09-1484/8 од 03.03.2017 година за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 309 (опфат помеѓу: бул. „Партизански одреди“, ул. „Франклин Рузвелт“, бул. „Митрополит Теодосие Гологанов“ и бул. „8-ми Септември“) донесен од Советот на Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017 од 06.03.2017 година).
Реферат У.бр.13/2018

5. Одлука за распишување референдум бр.08-4666/1 донесена од Собранието на Република Македонија на 30.07.2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2018)
Реферат У.бр.100/2018

6. Кодекс на етика на вработените во судската служба на Република Македонија (”Службен весник на Република Македонија” број 140/2010).
Реферат У.бр.97/2018

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.75/2018

 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.135/2017 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.63/2018 со нацрт-одлука