Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 06.12.2017 година (среда), со почеток во 09,00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 72 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2009, 36/2011, 51/2011, 166/2012, 15/2013, 79/2013, 164/2013, 187/2013, 38/2014, 44/2014, 116/2014, 180/2014, 33/2015, 72/2015, 104/2015, 150/2015, 173/2015, 192/2015, 30/2016 и 136/2017)
Реферат У.бр.133/2016

2. Член 3 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 и 27/2016)
Реферат У.бр.175/2016

3. Член 8 став 1 алинеја 19 од Законот за вештачење („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010, 12/2014, 43/2014, 104/2015, 148/2015 и 192/2015)
Реферат У.бр.177/2016

4. Член 4 став 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011,51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016 и 67/2017)
Реферат У.бр.14/2017

5. Член 20 ставовите 3 и 4 и член 20-а став 2 во „делот за површината на бесправниот објект за која не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште се пресметува надоместок чија висина е два пати поголема од висината на надоместокот кој се пресметува согласно членот 20 ставови (2), (3) и (6) од овој закон“,од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015 и 31/2016)
Реферат У.бр.18/2017

6. Член 11 став 8, член 30 став 4, член 68 ставовите 2, 3 и 4 и член 153 став 7 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016)
Реферат У.бр.27/2017

7. Член 145 став 1 во делот: „ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја“ од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 74/2011 и 11/2012)
Реферат У.бр.86/2017

8. Член 65 став 2 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008 и 150/2010)
Реферат У.бр.100/2017

9. Правилник со Тарифа за користење авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права „ЗАМП“-Скопје (”Службен весник на Република Македонија” број 154/2011)
Реферат У.бр.74/2016