Дневен ред за 25. седница закажана за 27 јуни (вторник)

Уставниот суд ќе ја одржи 25. седница на 27 јуни (вторник) во 9:30 часот со дневен ред за кој е предвидена една иницијатива за оценување на уставност на оспорени одредби:

I- РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

Според содржината на иницијативата, оспорени се 49 члена од Законот за кривичната постапка.

Реферат У.бр.19/2018

Подносител на иницијативата: Павлина Зефиќ, адвокатка од Скопје

Оспорен акт и одредби:Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010,100/2012, 142/2016 и 198/2018) и тоа:

– член 19 став 1,

– член 21 точка 2,

– член 35 став 2, во делот: „а ако за причината за изземањето од членот 33 став 1 на овој закон дознале подоцна, барањето го поднесуваат веднаш по дознавањето“,

– член 79 став 2, во делот: „препис од“,

– член 153,

– член 169 став 2, во делот: „во рок од 24 часа“, и во делот: „ Жалбата не го задржува извршувањето на решението“, како и став 3, во делот: „во рок од 24 часа“,

– член 170 став 5, во делот: „во рок од пет часа“,

– член 173 став 3,

– член 183 став 2, во делот: „или кога во однос на затеченото лице постојат услови за претрес без наредба“,

– член 185 став 1, во делот: „просторот во кој е затечено лицето во време на преземањето на претресувањето и средството за превоз кое се користи во време на претресувањето“,

– член 190 став 3,

– член 193,

– член 194 став 3,

– член 196 став 1,

– член 200 ставови 3 и 8,

– член 249,

– член 256, во делот: „Мерките од член 252 став 1 точките 6, 7, 8, 9, 10, 11, и 12 на овој закон ги определува јавниот обвинител со писмена наредба“,

– член 258,

– член 260 ставови 2, 3 и 4,

– член 261, во делот: „ќе се уништат под надзор на судијата, а за тоа јавниот обвинител ќе изготви записник“,

– член 262, во делот: „по барање“ и во делот: „засегнатото лице барањето може да го достави и до судот“,

– член 267, во делот: „во рок од 15 месеци“,

– член 276 став 2 точка 6,

– член 277 став 1,

– член 292 став 2,

– член 296 став 1,

– член 301 став 4,

– член 302 став 3, во делот: „да составуваат“ и став 4, во делот: „во рок од 15 дена“,

– член 384 став 1,

– член 393 став 1,

– член 409 став 2,

– член 411 став 4,

– членови 468-482 (односно членовите 468, 469, 470, 471, 472, 473, 474, 475, 476, 477, 478, 479, 480[2], 481, 482),

– член 475 став 8, и

– член 476 став 2, во делот: „но дека во случај кога одбраната не е задолжителна, поради недоаѓање на бранителот на главната расправа или земање бранител дури на главната расправа, не мора да се одложи главната расправа“.

Подносителката наведува дека ги оспорила одредбите за да влијае врз развојот на демократското општество и врз развојот на казненото процесно право, кое според неа се остварува преку усогласеноста на законите со Уставот и меѓународните норми особено со одредбите од Европската конвенција за човековите права и богатата пракса на тој суд. Во иницијативата се наведува дека  колку и да е јасно напишана една законска одредба во кој било казненоправен систем постои неизбежниот елемент на судско толкување, како и потребата од прилагодување на тие одредби на променливите околности.