Дневен ред за 16. седница на Уставниот суд закажана за 9 мај во 9:30 часот

На 9 мај со почеток во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 16. седница со дневен ред на кој се предвидени 12(дванаесет) иницијативи за оценување на уставност  и законитост. Покрај оваа точка предвидено е да се гласа по осум предмети за одлучување со нацрт одлуки. 

  1. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024

Оспорен: Член 45 став 13 во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024)

Подносители на иницијативата: Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

Од наводите во иницијативите:

Според наводите во двете пооделно поднесени иницијативи со извршената измена во членот 45 став 13, и тоа во делот на измена на бројот „30“ со бројот „35“ се врши измена на бодовите кои се однесуваат на усниот дел од практичниот испит, кој е дел од целокупниот приемен испит за почетна обука на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители. Подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот во ист член од еден закон овозможува збирот од писмениот и усниот дел од практичниот испит предвиден во ставовите 9 и 13 од член 45 од оспорениот закон, да изнесува вкупно 105 бода, што се во спротивност со вкупниот број на бодови кој го предвидел во практичниот дел од приемниот испит во ставот 14, а кој вкупно изнесува 100 бода и на овој начин практично е оневозможена примената на овој дел од Законот во делот на бодувањето на усниот дел од приемниот испит. Со ваквата измена на оспорениот член, подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот создал правна несигурност кај учесниците/кандидатите за прием на почетна обука во Академијата, при добивањето на крајната оцена од приемниот испит која се добива преку пресметување на аритметичкиот збир од бодовите кои ќе се добијат од двата дела на приемниот испит.

Напомена: Oвој предмет е презакажан од претходната седница и по него ќе се дискутира и одлучува.

  1. У.бр.21/2024

Оспорен: Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина Берово 

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

3.У.бр.29/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Илинден

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.35/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Oпштина Вевчни

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.40/2024

Оспорен:Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.50/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Карпош

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.59/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Брвеница

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.64/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Центар Жупа

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.67/2024

Оспорен: Член 15 алинеја  3 од Деловникот  на Совет на Општина Ново Село

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.73/2024

Оспорен: Член 17 алинеја  3 од Деловникот  на Совет на Општина Василево

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.74/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Врапчиште

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. У.бр.75/2024

Оспорен: Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Совет на Општина Липково

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд