Интерен оглас број 2/2024

Врз основа на член 19 став 3 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/23 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С   бр.2/2024
за унапредување во Стручната служба на Уставниот суд
на Република Северна Македонија

 

1. Со цел овозможување на вработените во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија, кариерно напредување преку преминување од пониско во повисоко звање врз основа на постигнатите резултати во работата, се објавува интерен оглас за унапредување од звање самостоен советник во звање советник на Судот (двајца извршители).

2. Право да се пријават на интерниот оглас имаат вработени во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија со звање – самостоен советник.

3. Пријавата може да се достави најдоцна до 15 јули 2024 година до 15:00 часот во Писарницата на Судот.

4. Согласно член 5 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија бр.70/22 од 24 јануари 2022 година, во постапката за унапредување, Комисијата за организациони и кадровски прашања ќе ги оцени кандидатите за унапредување по следните критериуми: 1. квалитет, ефективност и ефикасност на работењето; 2. почитување на роковите и ниво на исполнување на утврдените работни цели и задачи; 3. ниво на вклученост и посветеност на работата; и 4. однесувањето на вработениот.

 

Кoмисија
за организациони и кадровски прашања