Насер Ајдари


Насер Ајдари

Судија

Кратка биографија


Роден на 10.03.1960 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1986 година, а правосудниот испит го положил на 06.04.1993 година.

Во 1989 година се вработува како приправник во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, каде работи сè до 1993 година. Од 1996 до 1997 година работи како советник во Министерството за труд и социјална политика. Од 1997 работи како секретар во општина Арачиново сè до 2001 година кога се вработува во Министерството за правда како државен советник каде работи сè до 2008 година. Како член на Советот на Јавните обвинители е избран на 01.08.2008 година каде работи сè до 07.09.2010 година кога е избран за заменик Претседател на Советот на Јавните обвинители на Република Македонија. Од 2011 година работи како Јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, сè до 2013 година кога е избран за Државен правобранител на Република Македонија.

На функцијата – судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 05 март 2018 година.