Елизабета Дуковска


Елизабета Дуковска

Судија

Лични податоци


Елизабета Дуковска е родена во 1961 година во Скопје. По националност е Македонка.

Образование


  • Дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1987 година.
  • Положен правосуден испит во 1990 година.

Работно искуство


  • 01.04.1990 – 01.01.1992 година работи како стручен соработник во Основен суд на здружен труд Скопје.
  • 01.01.1992 – 01.07.1996 година работи како стручен соработник во Окружен стопански суд Скопје.
  • 01.07.1996 – 10.01.1997 година работи како стручен соранотник во Основен суд Скопје I Скопје.
  • 10.01.1997 – 19.03.2004 година работи како стручен соработник во Апелационен суд Скопје.
  • 19.03.2004 – 07.2007 година работи како судија во Основен суд Скопје I Скопје.
  • 07.2007 – 19.11.2009 година работи како судија во Основниот суд Скопје II Скопје.
  • 19.11.2009 – 10.04.2023 – работи како судија во Апелационен суд Скопје.

Други активности


Учество во теми и расправи:

  • Коавтор на коментар на Законот за стечај од 1998 година.
  • Коавтор на коментар на Законот за трговските друштва од 2002 година.
  • Претседател на трговски оддел во Апелационен суд Скопје во периодот од 2014-2017.
  • Изготвувач на прашања за полагање на правосуден испит од областа на трговското право и стечај во периодот од 2017 до 2018 година.
  • Мај 2017 во Финска учесник на проектот IFC за изготвување на нов закон за стечај.
  • Член на работна група за изготвување на Законот за заклучување на стечајна постапка.
  • Член на работна група за изработка на предлог- Закон за стечај од 2018 година.
  • Заменик член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” во периодот од 2018 до 2020 година.
  • Заменик член на Комисијата за полагање на правосуден испит од 16.02.2022 година.
  • Предавач на тема од областа на стечајот во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”
  • Ментор на кандидати од 6. Генерација за избор на судии во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”.

Обуки и други активности


Има учествувано во обуки и работилници од областите на стечајот, медијацијата, трговско право, сметоводствени знаења на судии кои работат на стечајни постапоки, психолошки аспекти на испитување на сведоци, еднаков пристап до ефективна правда, правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки, користење на SRS Femida системот за аудио снимање на судските постапки, меѓународните народни практики во областа на Законот за стечај, ликвидација на трговските друштва и осврт на актуелни прашања на прашања на капитал- акционерски друсштва и правна заштита.