д-р Ана Павловска-Данева


д-р Ана Павловска-Данева

Судија

Лични податоци


  • Име: д-р Ана Павловска-Данева
    редовен професор
  • Националност: Македонка
  • Дата на раѓање: 1973 година
  • Место на раѓање: Скопје

Образование


  • Правен факултет при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ Москва
  • 1993 година, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
  • 1998 година, магистер на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, магистерска теза „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“
  • 2003/2004 година, студиски престој како визитинг истражувач на Florida State University, Askew School of Public Administration како добитник на стипендија на Владата на Соединетите Американски Држави
  • 2004 година, доктор на науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“, докторска дисертација на тема „Управни договори“

Работно искуство


  • 1998 година, помлад асистент во научната област Управно право и јавна управа
  • 1999 година, асистент во научната област Управно право и јавна управа
  • 2004 година, доцент на научната област Управно право и јавна управа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје
  • 2009 година, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје
  • 2013 година, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје
  • 2008-2016 година, раководител на Колегиумот за втор циклус (мастер) студии по Административно право и јавна администрација
  • 2008-2024 година, член на Уредувачкиот одбор на електронскиот журнал Iustinianus Primus Law Review во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ индексиран во повеќе бази
  • 2016-2024 година, раководител на Институтот за политички и правно-политички науки и член на Деканатската управа на Факултетот
  • 2022-2024 година, раководител на Советот за докторски студии по Административно право на Правниот факултет
  • 2011 – 2014 година, пратеник во Собранието на Република Македонија
  • 2011 – 2014 година, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија на Парламентарното собрание на ОБСЕ
  • 2017 – 2023 година, шеф на македонската делегација во ГРЕКО (во рамките на Советот на Европа);

Научни активности


Учество во изведувањето на наставата на следниве предметни програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје:

  • Административно право,
  • Јавна администрација,
  • Антикорупциско право,
  • Управно процесно право,
  • Управно судство,
  • Службенички систем,
  • Управни договори,
  • Право на слободен пристап до информации од јавен карактер и други.

Павловска-Данева е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Екстензивно искуство во апликативната дејност


  • Национален експерт за изработка на Стратегија за реформа на јавната администрација со акциски план (2023-2030)
  • Претседател на работната група за изработка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со акциски план (2017-2022 година)
  • Претседател на експертскиот тим за изработка на Стратегијата за транспарентност со акциски план (2019-2021)
  • Член на работната група за подготовка на Законот за управните спорови од 2019 година
  • Член на работната група за подготовка на Законот за прекршоците од 2019 година
  • Член на работната група за подготовка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2019 година и др.
  • Има изготвено бројни функционални анализи (на судови, министерства и други јавни органи), анализи на спроведувањето на извесни закони, студии за интегритетот во државни органи и единици на локалната самоуправа и други, коментари на пресуди и други публикации.

Научни трудови


Автор е на повеќе универзитетски учебници, монографии и коментари на закони, меѓу кои:

  • „Антикорупциско право“, 2021 година;
  • „Административно право – книга втора (процесно право)“, 2020 година;
  • „Административно право – прв дел (материјално право)“, 2018 година;
  • „Теорија на управувачки системи“, 2013 година,
  • „Службенички систем“, 2012 година;
  • „Административно право“, 2011 година;
  • „Јавна администрација“, 2011 година;
  • „Управни договори“, во 2009 година;
  • „Право и јавно здравство“, 2009 година;
  • „Јавна администрација“, 2008 година;
  • „Омбудсман“, 2000 година;
  • „Коментар на Законот за управните спорови“, (уредник и коавтор) во 2022 година;
  • „Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, 2006 година и
  • „Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, 2011 година.
  • Автор е, односно коавтор на околу 90 трудови (1997 до денес) на теми и прашања од областа на административното право и јавната администрација, како и од областа на правосудниот систем – организацијата на управата, организацијата на управното судство, работата на Судскиот совет, службеничкиот систем, управното процесно право и управниот спор, реформите во одделни сфери од јавниот сектор, контролата на управата од страна на омбудсманот и другите тела, превенцијата на корупција во јавниот сектор и слично. Најголемиот дел од овие трудови се презентирани на меѓународни или национални научни конференции и семинари.
  • 2015 година – член на Академската антикорупциска иницијатива (Anti-Corruption Academic Initiative – ACAD) во рамките на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал;
  • 2004 до 2005 година – член на Американското друштво за јавна администрација (American Society of Public Administration – ASPA).

Јазици и вештини


  • Поседува одлични менаџерски, комуникациски, организациски и истражувачки вештини стекнати и надградувани во текот на кариерата, особено при работата и координацијата на поголеми (често мултидисциплинарни) тимови во рамките на проекти поддржани од Европската Унија, ОБСЕ, СИГМА, УСАИД, Светската банка и слично.
  • Активно ги владее англискиот и рускиот јазик.
  • За судија на Уставниот суд е избрана на 8 февруари 2024 година.