Соопштенија


  • Соопштение за медиумите

    Поради мерките коишто се преземаат за спречување на ширење на коронавирусот, Уставниот суд соопштува дека бројот на места во судницата наменети за претставниците на медиумите е ограничен. Од тие причини, како и заради информирање на јавноста, Судот по завршувањето на утрешната седница, ќе издаде посебно соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени по точките од…

  • Соопштение

    По повод информациите објавени од одредени медиуми, Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека во Судот до денес нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување на парични средства на одредени високообразовни институции од Републиката, ниту досега е доставена иницијатива за оценување на уставноста и…

  • Соопштение

    По одржувањето на продолжението на Десеттата седница, судиите на Уставниот суд, одржаа работен состанок на кој ја утврдија динамиката на разгледување и одлучување по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на оспорените уредби со законска сила донесени од Владата на Република Северна Македонија, но и по однос на предметите за оценување на други уредби…

  • Соопштение

    Уставниот суд на Република Северна Македонија денес на продолжението на Десеттата седница, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020).

    ,
  • Соопштение

    Ве известуваме дека Десеттата седница на Уставниот суд продолжува оваа среда (15 април 2020 година) со почеток во 08.30 часот.

    ,
  • Соопштение

    Уставниот суд на Република Северна Македонија, денес одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот,…

  • Соопштение

    Се известуваат граѓаните дека за периодот од 18.03.2020 година до завршувањето на вонредната состојба, нема да се применуваат роковите утврдени во член 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Ова од причина што на територијата на Републиката е прогласена вонредна состојба во која е ограничено правото на движење, како и фактот што…

  • Соопштение

    Ве известуваме дека закажаната IX седница на Уставниот суд за 18 март 2020 година со почеток во 09.30 часот СЕ ОДЛОЖУВА. Одложувањето на оваа седница е поради новонастанатата ситуација со ширењето на корона вирусот во Републиката и е од превентивни причини.

    ,
  • Соопштение

    Ве известуваме дека поднесоците до Уставниот суд кои се доставуваат лично, може да се поднесуваат од 09,00 – 13,00 часот до завршување на вонредната состојба.

  • Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук

    На средбата остварена денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, се разговораше за теми од работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата…

    ,
  • Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук

    Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 10 март 2020 година (вторник) ќе оствари средба со Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, Амбасадор на Украина во Република Северна Македонија, со почеток во 10.00 часот.

    ,
  • Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Дирк Јан Коп

    На средбата остварена на 5 март 2020 година, меѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати и Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Дирк Јан Коп, се разговараше за улогата на Уставниот суд во остварувањето на темелната вредност на уставниот поредок – владеењето на правото, како и…

    ,