- 10.06.2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прв брифинг со новинарите на којшто ги запозна со приоритетите и активностите во раководењето со Судот во следниот период. Костадиновски како прв приоритет во неговиот мандат како претседател на Судот го посочи враќањето на довербата во Уставниот суд и во правната држава и посочи дека ќе работи на подобрување на перцепцијата на граѓаните преку преземање на конкретни чекори за надминување на предизвиците. Во прилог видео-изјавата на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски:
- 29.05.2024
Целосен говор од прес конференцијата на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод завршување на три годишинот мандат.
- 30.05.2022
Прес конференција на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по одржаната средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Средбата беше организирана во Уставниот суд по барање на претседателката Кацарска која го извести државниот врв за алармантноста на состојбата поврзана со недостаток на уставни судии.