-
Соопштение по повод средбата на Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн. На средбата, претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ја запозна амбасадорката со надлежностите и работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и за соработката со германската фондација…
-
Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија
На покана од Уставниот суд на Република Бугарија во периодот од 8 до 11 јуни 2021 година, делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-ѓа Добрила Кацарска, ќе оствари официјална посета на Република Бугарија. Во составот на делегација се и тројца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија…
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (27 мај 2021 година) оствари проштална средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (27 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (26 мај 2021 година) оствари проштална средба со министерот за правда, г. Бојан Маричиќ.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (25 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (25 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Републиката, г. Стево Пендаровски.
-
Учество на Тркалезна маса „Уставното судство во Република Северна Македонија“ во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“
Во организација на Институтот за човекови права, денес се одржа тркалезна маса во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија. На овој настан, свои поздравни обраќања имаа претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, претседателот на Уставниот суд, Сали…
-
Работна средба на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати со заменик министерот за надворешни работи на Република Словачка, г. Мартин Клус
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес оствари работна средба со заменик министерот за надворешни работи на Република Словачка, г. Мартин Клус. Претседателот Мурати, ја презентираше уставната положба и начините преку кои се остварува самостојноста и независноста на Судот, како и надлежностите на Судот, а посебно оценувањето на уставноста и…
-
Излагање на претседателот на Судот, Сали Мурати, на видео конференцискиот состанок организиран од Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа, одржан на 21 април 2021 година
Преземи овде (pdf.) [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2021/04/Lokalna-samouprava.pdf” title=”Lokalna samouprava”]
-
Учество на претседателот на Судот, Сали Мурати на видео конференциски состанок организиран од Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа
На покана од Претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, г.Лендер Вербек, претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати, учестуваше на видео конференцискиот состанок кој се одржа денес на 21 април 2021 година. Видео состанокот се одржа во рамките на најавениот мониторинг на Република Северна Македонија од страна на Конгресот…
-
Работна средба на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати со заменик министерот за правда, г. Агим Нухиу
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес оствари работна средба со заменик министерот за правда, г. Агим Нухиу. Претседателот Мурати, ја презентираше уставната положба на Судот, неговите надлежности како и историјатот на оваа институција. Исто така од страна на претседателот на Судот, беа посочени и предизвиците со кои се соочува…