-
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Михај Бусујок, судија од Уставниот суд на Романија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат уставните судови на двете земји, како и за улогата на уставно-судската заштита во контекст на современите општествени и правни околности. …
-
Советници на Уставниот суд учествуваа на Меѓународната 13. Летна школа во Република Туркије
Советниците на Уставниот суд, м-р Магдалена Паункова-Спасова и м-р Марина Пеливанова, учествуваа на 13. издание на Летната школа што се одржа во Република Туркије, по покана на Центарот за обука и развој на човечки ресурси при Здружението на азиските уставни судови и еквивалентни институции (AACC-CTHRD). Годинашната Летна школа беше посветена на темата „Семејниот живот од…
-
Одржана конференција во рамки на билатералната посета на Република Косово во Уставниот суд на Република Северна Македонија
Делегација од Уставниот суд на Република Косово, предводена од претседателот Неџми Реџепи, престојува во билатерална посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата се одржа Конференција на тема „Уставна контрола на законите и другите акти (материјални и процедурални аспекти)”, на која се дискутираше за современите предизвици и искуства во примената на…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Турција го посети Уставниот суд на Република Северна Македонија
Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот Кадиз Озкаја присуствуваше на работна средба со претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите на Уставниот на Република Северна Македонија.Во рамки на средбата се одржа работна сесија со следните теми: -Предлог-Статутот којшто ќе биде предмет на разгледување и усвојување за време на Третиот годишен состанок на…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Турција во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја, во понеделник (29.09.2025) ќе оствари официјална посета на Република Северна Македонија и билатерална средба со претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, ќе се одржи свечено отворање на салата за одржување на седници,…
-
Презентација на анализа за Актот на Уставниот суд- поддржана од ЕУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Имплементација на Актот на Уставниот суд, со фокус на постапката за оценување на уставноста и законитоста организирана со поддршка на ИПА 3 проектот во Судот и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Пред судиите и советниците на Судот беше презентирана анализата на Актот која е изработена од…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Уставниот суд на Република Хрватска
Четиричлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија предводена од генералниот секретар, м-р Виолета Ѓорѓиевска, на 4 септември 2025 година оствари студиска посета на Уставниот суд на Република Хрватска во рамките на веќе воспоставената билатерална соработка на двата суда со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на Уставниот суд на…
-
Претставници на Венецијанската комисија во посета на Уставниот суд
Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијката проф. д-р Ана Павловска Данева. На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото. Членовите на Венецијанската…
-
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат. На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за…
-
Советникот на Судот, Јањиќ-Тодорова учествуваше одбележување на деценискиот јубилеј на Мрежата на највисоки судови во Стразбур
Советникот на Судот, Татјана Јањиќ-Тодорова учествуваше на одбележување на десегодишниот јубилеј на Мрежата на највисоки судови (SCN – Superior Courts Network) во Стразбур. По тој повод се организираше Форум на кој се дискутираше за досегашните успеси и реализирани проекти, како и за идните активности кои се насочени кон остварување на целите на Мрежата, како што…
-
Претседателот Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија. Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд. На средбата беше изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување…
-
Претседателот Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт
Во тек е Генералното собрание на членовите на Асоцијацијата на Франкофонските уставни судови во Букурешт, на којшто учествува и претседателот д-р Дарко Костадиновски. Ќе бидат донесени одлуки на повеќе теми меѓу кои: предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“ предложен од ACCF, гласање…