145/2008-0-0

У.бр.145/2008

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седница одржана на 12 ноември 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на делот

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на делот: „а ќе се применува од 1 јануари 2006 година“ од членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/2006) и делот: „а ќе се применува од 1 јануари 2003 година“ од членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003).

3. Ѓорѓи Павлов од Кавадарци на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе три посебни иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на делови од одредби од законите, означени во точката 1 од ова решение.

Подносителот на иницијативите во три посебни поднесоци, оспорува дел од членот 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица, дел од членот 6 од Законот за измену вање и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и дел од членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка кои како делови од завршни одредби се однесуваат на периодот на примена на самите закони. Имено, тргнувајќи од содржината на членот 52 став 4 од Уставот, подносителот на иницијативата смета дека ретроактивната примена на секој од законите, односно нивното повратно дејство прави оспорените делови да не се во согласност со наведениот член од Уставот и предлага нивно укинување.

4. Судот на седницата утврди дека, според членот 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2007 година. Одредбата се оспорува во делот: „ а ќе се применува од 1 јануари 2007 година.“

Според членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2006 година. Одредбата се оспорува во делот: „ а ќе се применува од 1 јануари 2006 година.“

Според членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2003 година. Одредбата се оспору ва во делот: „ а ќе се применува од 1 јануари 2003 година.“
5. Според членот 52 став 1 од Уставот на Република Македонија, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување (став 2). Законите влегуваат во сила најдоцна осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето (став 3). Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните (став 4).

Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица има 16 членови, влегол во сила на 13 февруари 2007 година, а со опорениот дел од членот 16 од Законот е предвидено да се применува од 1 јануари 2007 година.

Во членовите 1 до 9 од Законот се направени измени и дополнувања на одделни одредби од основниот текст на Законот кои немаат правен ефект врз правата на граѓаните, бидејќи значат текстуално подобрување по однос на значењето на изразите на Законот, начинот на постапување на надлежните органи и лицата вработени во нив во водењето и организацијата на едношалтерскиот систем, трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Со членовите 11 до 14 од Законот направени се измени и дополнувања на одредбите од основниот текст на Законот по однос на прекршочните санкции и тоа со зголемување на висината на глобата за сторен конкретен прекршок, а со членот 15 предвидено е бришење на членот 68 став 7 од Законот.

Со следниот Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2007), меѓу другото, од Законот што е предмет на анализа, членот 3 и членот 8 делумно се изменети, членот 4 целосно е изменет, членот 12 е избришан, а останатите одредби останале непроменети.

Имајќи го предвид наведеното, како и содржината на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица „Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2007), со кој не се направени измени и дополнувања на предметните одредби Судот оцени дека од аспект на согласност со членот 52 став 2 од Уставот предмет на анализа можат да бидат само членовите 11, 13 и 14 од Законот во кои е определен нов износ на глоба за сторен прекршок.

Тргнувајќи од околноста што со оспорениот дел од членот 16 од Законот е предвидена примена на Законот од 1 јануари 2007 година, кој пак влегол во сила на 13 февруари 2007 година неспорно е дека со него е предвидено ретроактивно важење на Законот. Понатаму, споредувајќи ја висината на предвидените парични казни од Законот што бил во сила до настанатата измена со новопредвидените и сеуште актуелни глоби за можните прекршоци произлегува дека така предвидените глоби се повисоки и како такви се понеповолни од поранешните, напред наведените, за субјектите на кои се однесуваат новопредвидените прекршочни санкции.

Врз основа на вака направената анализа оспорениот дел од Законот има ретрактивно дејство кое е понеповолно за граѓаните поради што Судот оцени дека делот: „а ќе се применува од 1 јануари 2007 година.“ од членот 16 од Законот може да се стави под сомнение по однос на неговата согласност со членот 52 став 4 од Уставот.

6. Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност има 6 членови, влегол во сила на 28 март 2006 година, а со оспорениот дел од членот 6 од Законот е предвидено да се применува од 1 јануари 2006 година.

Со членот 1 од Законот е направена измена на членот 24 точка 3 потточка б) и со него не се уредуваат директно права и обврски на граѓаните, бидејќи преставува врзана норма која упатува на примената на друга одредба од Законот (член 27 став 1, член 27-а и член 27-в).

Со членот 2 од Законот е направена измена на постојниот член 25 и со неа се уредува правото на враќање на данокот на додадена вредност за лица кои немаат постојано живеалиште или привремен престој во Република Македонија.

Со членот 3 од Законот се прави усогласување на содржината на членот 26 став 4 со предметните измени и дополнувања.

Со членот 4 се менува содржината на членот 27 од Законот. Со новата содржина на членот 27 е уредено кои добра и под кои услови при вршење на увоз се ослободуваат од данокот на додадена вредност.

Членот 5 од Законот ги содржи новите членови 27-а, 27-б и 27-в од Законот. Притоа членот 27-а од Зако нот го уредува ослободувањето на плаќањето на данокот на додадена вредност според намената на добрата. Членот 27-б од Законот го уредува ослободувањето од плаќање на данок на додадена вредност при увоз според својствата на лицата, според видот на органот или установата, според карактерот на доброто и слично. Членот 27-в од Законот го уредува ослободувањето од плаќање на данок на додадена вредност на добра кои привремено се увезуваат со целосно ослободување од плаќање на царина.

Компарирајќи ја содржината на наведените одредби со дотогашната содржина на Законот произлегува дека со нив законодавецот не предвидува помали права или поголеми обрвски за субјектите на кои се однесуваат туку задржувајќи ги во целост претходните законски решенија, со измената и дополнувањето предвидел нови даночни ослободувања што во целина дава поконкретно нормирање, а притоа повторно останува на условите за ослободување од данокот на додадена вредност.

Оттаму, поширокиот и поконкретен опфат на добрата што се ослободуваат од данокот на додадена вредност, односно лицата кои се ослободуваат или не подлежат на овој данок, според оцена на Судот дозволува предвидување на ретроактивна примена со предметниот Закон, бидејќи во овој случај тоа е поповолно за граѓаните. Од друга страна ваквото нормирање, произлегло и заради потребата од усогласување со ослободувањата предвидени во Царинскиот закон.

Натамошните измени и дополнувања на Законот, објавени во „Службен весник на Република Македонија„ бр.101/2006, 114/2007 и 103/2008 не предви дуваат измени и дополнувања на наведените одредби.

Врз основа на изнесеното, а имајќи ја предвид целината на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/2006), Судот оцени дека оспорениот член 6 од Законот е во согласност со членот 52 став 4 од Уставот.

7. Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка има 4 членови, влегол во сила на 31 јули 2003 година, а со опорениот дел од членот 4 од Законот е предвидено да се применува од 1 јануари 2003 година.

Со членот 1 од Законот се врши измена на постојниот член 31 и се уредуваат условите за намалување на даночната основица за износот на инвестициите во движен и недвижен имот до и над 100.000 евра.

Во членот 2 од Законот е определено дека по членот 36-б се додава нов член 36-в, според чија содржина, од плаќањето на данокот на добивка се ослободува Народната банка на Република Македонија.

Во членот 3 од Законот е предвидено дека по членот 50 се додава нов член 50-а, според чија содржина одредбата од членот 31 од овој закон за намалување на даночната основица по основ на инвестиции ќе се применува до 31 декември 2005 година.

Разгледувајќи го членот 3 од Законот како една целина со членот 1 и оспорениот член 4 од Законот произлегува дека намалувањето на даночната основица по основ на инвестиции важело во периодот од 1 јануари 2003 година до 31 декември 2005 година, од каде ваквото намалување, поради протекот на време, повеќе не важи и се исцрпе ло во примената. Од овие причини членот 3 од Законот во овој момент не уредува права и обврски на граѓаните, поради што и не може да се цени во контекст на ретроактивна примена на оспорениот дел од Законот или нивната можна неповолност за граѓаните.

По однос на членот 2 од Законот кој предвидува ослободување на Народната банка на Република Македонија од плаќањето на данок на добивка Судот оцени дека е одредба со која за прв пат се предвидува осло-бодување на емисионата банка, како уставна категорија, од предвидените давачки и во неа не е содржано ретроактивно оптоварување, што не е понеповолно за граѓаните. Воедно ваквото законско решение произлегло од одредбите на Законот за Народната банка на Република Македонија.

Тргнувајќи од напред изнесеното, а имајќи ја предвид целината на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003), Судот оцени дека оспорениот член 4 од Законот е во согласност со членот 52 став 4 од Уставот.

8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.145/2008
12 ноември 2008 година
С к о п ј е
м.л.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски

Leave a Reply