201/2005-0-0

201/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Делов-никот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 8 февруари 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 22 став 3 и член 23 став 1, во делот

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата оспорените одредби биле несогласни со темелната вредност на уставниот поредок на Република Македонија владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот на Република Македонија. Подно-си-те-лот на иницијативата смета дека со самото неизвестување на друшт-вото за осигурување не се причинувало никаква штета во смисла на член 142 од Законот за облигационите односи, според кој штетата е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречувањето на негово зголемување (испуштена корист) како и нанесување на друга физичка или душевна болка или страв (нематеријална штета), и поради што со оспорените одредби од Законот се повредувале горенаведените уставни одредби.

Подносителот на иницијативата смета дека целта на законодавецот е доволно исполнета со предвидувањето на прекршок за правното и физичкото лице во членовите 69 и 70 од оспорениот закон, доколку не го извести друштвото за осигурување со кое склу-чи-ло договор за осигурување од автомобилска одговорност за наста-ну-вање на сообраќајна незгода во предвидениот рок согласно со членот 22 став 1 на овој закон.

3. Судот на седницата утврди дека согласно член 22 од Законот за задолжителното осигурување сопственикот на моторното возило е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговрност за наста-ну-вање на сообраќајна незгода и да достави пополнет Европски извеш-тај за сообраќајна незгода, во рок од 30 дена од денот на настану-ва-њето на незгодата.

Непочитувањето на рокот за известување од ставот 1 на овој член не влијае врз правото на оштетеното лице за надомест на штета.

Доколку сопственикот на моторното возило не постапи согласно со одредбите од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување има право на регрес на сите исплатени средства или настанати трошоци кои не би настанале доколку сопственикот на моторното возило ги почитувал роковите за известување предвидени во ставот 1 на овој член.

Согласно член 23 од истиот закон учесниците во сообраќајната незгода се должни, на барање на одговорното друштво за осигурување, да дадат опширно известување за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, а во спротивно се должни да ја надоместат штетата настната од неизвршување на обврската за известување.

Органот за внатрешни работи, како и другите органи што ја водат постапката за сообраќајните несреќи, се должни на барање на друштвото за осигурување или оштетените лица да дадат подато-ци за сообраќајната несреќа.

4. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, во Репуб-лика Македонија владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Републиката.

Со членот 51 од Уставот е утврдено дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Во членот 1 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот е предвидено дека со овој закон се уредува задолжителното осигурување на: а) патници во јавен превоз од последици на несреќен случај – незгода; б) сопственици, односно корисници на моторни и приклучни возила; в) сопственици, односно корисници на воздухоп-лови и г) сопственици, односно корисници на бродови, односно чамци на моторен погон, од одговорност за штети предизвикани на трети лица во сообраќајот и други прашања од значење за задолжителното осигурување во сообраќајот.

Оспорените членови од Законот се содржани во Глава ИИИ со наслов “Осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица”.

Во членот 14 од Законот е содржана обврската сопственикот, односно корисникот на моторното и приклучното возило да склучи договор за осигурување од одговорност за штети што со употреба на моторното возило ќе им ја причини на трети лица поради смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето, уништување или оштетување на предмети (осигурување од автомобилска одговорност) освен од одговорност за штети за предметите што ги примил на превоз. Токму оваа законска одредба ја регулира обврската за задол-жително осигурување во сферата на сообраќајот.

Во членот 15 од Законот се содржани исклучоците од правото на надомест на штета, во кои децидно е наведено дека право на надомест на штета по основ на осигурување од автомобилска одговорност има секое лице освен: 1) лицето кое управувало со моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата; 2) сопственикот, сосопственикот, договорувачот на осигурувањето и секој друг корис-ник на возилото кој во моментот на настанувањето на незгодата не управувал со моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата, но само за износот на штетата поради уништување или оштетување на предмети; 3) лицето кое на нелегален начин присвоило моторно возило, како и соучесникот во нелегалното присвојување на моторно возило, со чија употреба е предизвикана незгодата, без разлика дали истото управувало со моторното возило во моментот на настанување на незгодата и 4) лицата кои штетата ја претрпеле како резултат на употребата на моторно возило во спортски приредби за кои е добиена официјална согласност и на кои е потребно да се постигне максимална брзина и употреба на моторното возило во теро-ри-стички акт или воени операции дефинирани согласно со Кривичниот закон.

Правото на оштетеното лице да поднесе барање за надомест на штета е регулирано во член 5 од истиот закон, во чиј став 1 е предвидено дека оштетеното лице има право да поднесе барање за надомест на штета директно до одговорното друштво за осигурување. Согласно ставот 2 од член 5 од истиот закон, оштетеното лице може да поднесе тужба за надомест на штета до надлежен суд само доколку претходно поднело барање за надомест на штета до одговорното друштво за осигурување.

Од анализата на цитираните одредби од Законот, јасно произлегува дека со истите всушност се регулираат прашањата кои се однесуваат на склучување на договор за задолжително осигурување, правото за надомест на штета, обврските на друштвата за осигурување за исплата на надомест на штета во предвидените рокови, а истовремено и обврската на лицата кои ја предизвикале штетата во сообраќајот со употреба на превозно средство да го извести друштвото за осигурување со кое склучиле договор за осигурување од автомобилска одговорност за предизвиканата штета и со обврска истиот да достави Европски извештај за сообраќајната незгода во рок од 30 дена од денот на настанувањето на незгодата.

Оттука, токму со регулирањето на овие прашања, според Судот, дикцијата на Законот е во насока на заштита на правата на оштетените лица во постапката на обработка и исплата на штета, зајакнување на улогата и функционирањето на Националното биро за осигурување во меѓународниот систем на зелена карта како и зајак-ну-вање на системот на пресметка на тарифата на премии за осигурување од автомобилска одговорност.

Што се однесува до наводите во иницијативата дека со неизвестувањето на друштвото за осигурување за настанатата сообраќајна незгода не се причинувала никаква штета во смисла на одредбите од Законот за облигационите односи, Судот оцени дека се работи за прашања од фактичко значење за чие решавање е надлежен посебен орган – редовен суд, кој во судска постапка по изведување на неопходни докази, ќе утврди дали наста-пила штета и од колкави размери. Во оспорените одредби од Законот не се тврди дека поради неизвестувањето нужно настапува штета, туку дека ако од неизвестувањето настапи штета таа треба да се надомести. Според тоа, Уставниот суд не може да ја следи логиката на иницијативата и да постави претпоставка за постоење на еден факт кој дополнително треба да се утврди во случај на спор. Оттука, произлегува дека Уставниот суд не е надлежен да ги утврдува овие фактички прашања, на кои подносителот укажува во иницијативата, туку истиот е надлежен да ја оценува согласноста на оспорените законски одредби со Уставот на Република Македонија.

Според Судот, со оспорените законски одредби не се нарушува темелниот принцип на уставниот поредок на Република Македонија – владеењето на правото, на што се укажува во иницијативата од причини што оспорените одредби од Законот за задолжи-тел-но осигурување во сообраќајот го изразуваат општиот правен принцип според кој оној што ќе предизвика штета е должен да ја надомести.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите:д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 201/2005
8 февруари 2006 год.
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply