15/2004-0-0

15/2004-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 20 и 21 октомври 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членот 6 точка 5 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од Законот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата, оспорените одредби не биле во согласност со Уставот на Република Македонија, затоа што правните последици од осудата повеќе не настапувале по сила на законот со кој биле предвидени по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.210/2001 од 6 февруари 2002 година со која е укинат членот 101 став 2 од Кривичниот законик.

Од друга страна, првооспорената одредба била неприменлива, бидејќи правните последици од осудата не можеле да настапат за изречена парична казна, условна осуда, судска опомена или ослободување од казна. Како аргумент во прилог на неприменливоста на првооспорената одредба се наведува дека не постоеле кривични дела од областа на финансиите, туку кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството (Глава ЏЏВ од Кривичниот законик), што ја правело одредбата произволна и истата не можела да се смета како согласна со Уставот.

По однос на второоспорената одредба се наведува дека со истата се отстапувало од законското правило предвидено во членот 106 став 5 од Кривичниот законик дека никој нема право да бара од граѓаните да поднесуваат докази за својата осудуваност или неосудуваност, а законодавецот исто така бил должен да ги почитува Уставот и законите.

Направеното суштинско ограничување не било конзистентно со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок со што се кршеле член 8 став 1 алинеја 3, член 9, член 13 став 1, член 14 став 1, член 23, член 32 став 1 и 2, член 51 и член 54 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека според член 6 од Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, за трговското друштво да добие дозвола од гувернерот на Народната банка за вршење услуга брз трансфер на пари задолжително треба да ги исполни таксативно наведените услови, меѓу кои: да е регистрирано во регистарот на трговски друштва за вршење помошни активности во финансиското посредување; да располага со соодветен деловен простор, техничка опременост и информативен систем; да обезбеди соодветна заштита и обезбедување на паричните средства, имотот и вработените; да не е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

Во целината на точката 5 од истата одредба е предвидено како услов против одговорното лице и вработените кои ги извршуваат услугите на брз трансфер на пари да не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност и да не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите.

Според член 7 точка 1 од Законот, трговските друштва за добивање дозвола за вршење на услуга брз трансфер на пари до Народната банка доставуваат писмено барање. Со барањето задолжително, меѓу другото, се доставуваат документи, односно информации со кои се потврдуваат условите од член 6 на овој закон.

4. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Според член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според член 13 став 1 од Уставот, лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Според член 14 став 1 од Уставот, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Според член 23 од Уставот, секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавните функции.

Според член 32 став 1 и 2 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

Од содржината на одредбите на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, произлегува дека брзиот трансфер на пари претставува електронски пренос на пари уплатени од едно лице во една земја и прием на парите од друго лице во друга земја, независно дали преносот се врши од или кон Република Македонија, при што п реносот го врши банка. Давател на услугата е трговско друштво регистрирано во Република Македонија кое од Народната банка добило дозвола за вршење брз трансфер на пари.

За одредено трговско друштво да добие дозвола од Гувернерот на Народната банка з а вршење на ваков вид услуга потребно е да ги исполнува условите определени во членот 6 од Законот.

Во оспорениот дел од членот 6 точка 5 од Законот, како услов за добивање на дозвола е предвидено против одговорното лице и вработените кои ќе извршуваат брз трансфер на пари да не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите, што според подносителот на иницијативата претставува наста-
пување на правна последица од осуда по сила на закон.

Анализата на целината на членот 6 точка 5 од Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари покажува дека одредбата во неоспорениот дел зборува за изречена мерка на безбедност, а во оспорениот дел за изречена правосилна судска пресуда, што не се сосема идентични услови за добивање на дозвола како што ги третира подносителот на иницијативата.

Условот или критериумот против одговорното лице или лицата вработени во трговските друштва да не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите произлегува од потребата со закон да бидат уредени прашањата за постоење на подобност на правното лице за ефикасно вршење на услуги брз трансфер на пари. Вака предвидениот услов ја исклучува можноста да се јават елементи на соменение што би го направиле правното лице и вработените во него недостојни за вршење на оваа специфична услуга.

Имено, трансферот на пари е специфична дејност во монетарниот систем на државата и законодавецот со предвидување на посебни услови за правните лица за вршење на ваков вид на дејност има за цел непосредно да го штити и одржува стабилен овој систем. Според Судот, предвидувањето на условот спрема одговорното лице во правното лице и лицата вработени во него да не е изречена правосилна пресуда за кривични дела од областа на финансиите, не може да се прифати како некакво ограничување на правата и слободите на индивудуите, туку има за цел одржување на стабилен монетарен систем, што во крајна линија има свој рефлекс и по однос на заштитата на сопственоста на граѓаните.

Од исполнувањето на овој услов, покрај останатите предвидени во законската одредба, ќе зависи дали одредено правно лице има кредибилитет за вршење на дејноста брз трансфер на пари. Од друга страна, недобивањето на дозвола за вршење на ваква дејност за веќе регистрирано трговско друштво, не значи дека тоа друштво воопшто не ќе може да делува на пазарот или дека вработените лица во тоа друштво ќе го изгубат правото на работа. Останува друштвото и неговите вработени да делуваат во останатите дејности за кои се уредно регистрирани и за кои се исполнети законски предвидените услови.

Од овој аспект и оспорениот дел од законската одредба прецизно утврдува што помеѓу другото претставува услов или критериум конкретно трговско друштво да добие дозвола од Гувернерот на Народната банка за вршење на услуга брз трансфер на пари, а што е во целосна согласност со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, како што предвидел член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Според Судот оспорениот дел од одредбата не може да се стави под сомнение и по однос на неговата согласност со принципот за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите. Ова од причина што одредбата не прави разликување на граѓаните по основ на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Одредбата разликува одговорно лице во правното лице и вработени лица во правното лице спрема кои е или не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите.

Исто така, со оспорениот дел на одредбата не се повредуваат членот 13 став 1 и 14 став 1 од Уставот. Имено, токму делот од оспорената законска одредба се повикува на донесена правосилна судска одлука, по кој момент едно лице може да се смета за виновно за сторено кривично дело. Донесената правосилна судска пресуда секако може да се однесува само за кривично дело утврдено со закон или друг пропис како казниво дело за кое е предвидена казна.

Нема повреда и на член 23 од Уставот, бидејќи според одредбите од Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари оваа услуга не е предвидена со цел да се извршува јавна дејност, а со тоа и вработените во правите лица што вршат брз трансфер на пари не вршат јавна функција.

Во контекст на наведеното оспорениот дел од одредбата не може да се подведе под сомнение ни по однос на неговата согласност со член 32, член 51 и член 54 од Уставот.

Главата ЏЏВ од Кривичниот законик е со наслов “Кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството”. Според подносителот на иниција- тивата формулацијата во оспорениот дел од одредбата “кривично дело од областа на финансиите” не соодветствува со насловот на кривичните дела опфатени во Глава ЏЏВ . Уставниот суд не е надлежен да ја цени меѓусебната согласност на законите, од каде произлегува дека вака изнесениот навод не е релевантен за доведување под сомнение на оспорениот дел од одредбата по однос на неговата согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Од друга страна поимот “финансии” е општ поим и во себе секако ги апсорбира јавните финансии, платниот промет и стопанството како и други поими, а поимот “финансии” се среќава и кај други кривични дела што не се составен дел на споменатата глава од Кривичниот законик, од што не може да се прифати како основан наводот за повреда на принципот за владеење на правото поради неконзистентност на формулацијата со споменатата Глава од Кривичниот законик.

Во оспорениот дел од одредбата изречно не е нагласено дека изречената судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите би била временски определена пречка за извршување на услугите брз трансфер на пари, меѓутоа Судот смета дека овој дел од одредбата претставува пречка за вршење на дејноста брз трансфер на пари до исполнувањето на услови за бришење на осудата или за престанување на мерките на безбедност и на правните последици од осудата, според правилата предвидени во Глава ЏЏИЏ од Законот за кривичната постапка. По исполнување на условите за бришење на осудата или за престанување на мерките на безбедност или на правните последици од осудата изречената правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од областа на финансиите повеќе не би била пречка за вршење на услуга брз трансфер на пари.

5. Подносителот на иницијативата ја оспорува согласноста на член 7 точка 1 од Законот за вршење услуги брз трансфер на пари со повикување на одредба од Кривичниот законик (член 106 точка 5), пред се по однос на членот 51 став 2 од Уставот.

Тргнувајќи од надлежноста на Уставниот суд определена во член 110 од Уставот, Уставниот суд не се впушти во оценување на меѓусебната согласност на одредбите од двата наведени закони и остана на оцената на согласноста на оспорената одредба со Уставот.

Според Судот барањето податоци од казнената евиденција за тоа дали спрема одредено одговорно лице во правното лице или вработено лице е изречена мерка на безбедност или пак дали постои изречена правосилна пресуда за кривично дело од областа на финансиите е во непосредна врска со способноста на правното лице да врши определена дејност за која е регистрирано, односно е во непосредна врска со кредиби- литетот на правното лице за вршење на оваа специфична дејност и не е во функција на докажување на неосудуваноста или осудуваноста на од говорното лице во правното лице и лицата вработени во него.

Оттука, барањето документ, односно информации со кои се потврдува исполнувањето на предвидените законски услови за одговорното лице во правното лице и лицата вработени во него во насока да не им е изречена мерка на безбедност, односно да не им е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело од областа на финансиите е во функција на правната сигурност на субјектите учесници во дејноста брз трансфер на пари.

Оттаму, врз основа на изнесената аргументација, според Судот, произлегува дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба со член 51 од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова–Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.15/2004
20 и 21 октомври 2004 год.
С к о п ј е
мл/л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова

Leave a Reply