16/2003-0-0

16/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 19 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 38, член 42 и член 43 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на РМ” бр.59/2002).
2. Драган Петрушевски од с. Драчево, Скопје до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценување уставноста на членовите од законот означени во точката 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата со оспорените членови од Законот се вршело ограничување на правата и слободите на човекот и граѓанинот спротивно на Уставот и меѓународните договори.
3. Судот на седницата, разгледувајќи ја оваа иницијатива, утврди дека со својата Одлука У.бр.134/2002 година од 22 јануари 2003 година, по повод други иницијативи, а во некои делови и по сопствена иницијатива ги укина: ?лен 2 став (1) во делот “единствено”; ?лен 4 став (1) и (2); ?лен 6 став (1) во делот ” исклу?иво”; ?лен 16 став (1) во делот “и вршење јавни овластувања” и во делот “кое адвокатот сам го заверува со свој пе?ат”; ?лен 34 став (3); ?лен 35 то?ката 5); ?лен 38; ?лен 42 и ?лен 43 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2002), затоа што оцени дека не се во согласност со Уставот.
Оваа одлука на Судот е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.10/2003, од кога таа и произведува правно дејство.
4. Според член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако утврди дека постојат процесни пречки за одлучување по барањето во иницијативата.
Со оглед дека Уставниот суд веќе ја оценувал уставноста на одредбите од Законот кои се оспоруваат со оваа иницијатива и при тоа истите со горецитираната одлука ги укинал, Судот утврди дека во конкретниот случај постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата во смисла на членот 28 од Деловникот. Ова од причини што со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија” на Одлуката на Судот со која се укинати овие одредби од Законот тие повеќе не постојат, односно не се дел од правниот поредок на Република Македонија.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.16/2003
19 март 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply