31/2002-0-0

31/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на
а) Член 4 од Одлуката за основање на Фондот за локални патишта на општина Гази Баба – Скопје, бр.09-638/3, донесена од Советот на општина Гази Баба – Скопје на 24 октомври 1996 година, вклучително и изменувањата и дополнувањата на Одлуката од 1997, 1998, 1999 и 2000 година;
б) Член 3 став 1 од Статутот на наведениот фонд, донесен од Управниот одбор на Фондот на 24 септември 2001 година; и
в) Одлуката за давање согласност на означениот статут, бр.07-93/6, донесена од Советот на општина Гази Баба – Скопје на 14 февруари 2002 година.

2. Градоначалникот на општина Гази Баба – Скопје, Борче Стефановски, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите и одредбите ознаиени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив инаугурирал правен субјект кој нема законски основ за постоење како посебно правно лице односно Фондот за локални патишта не можел да биде ништо друго освен дел од општинската администрација и можел да претставува само сектор или одделение, за чие раководење е надлежен Градоначалникот на општината, поради што оспорените акти и одредби не биле во согласност со закон.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот член 4 од Одлуката за основање на Фондот се определува дека фондот е правно лице.

Со другите одредби од Одлуката се определува дека се основа Фондот (член 1), кој ќе работи под фирма “Фонд за локални патишта на општина Гази Баба” и со седиште во Општината (член 2), при што дејностите на фондот ќе бидат …. (член 3), а органите на фондот се … (член 5) чии надлежности се уредуваат со Статутот на Фондот (член 6).

Понатаму, Судот утврди дека со оспорениот член 3 став 1 од Статутот на Фондот се определува дека “Фондот има својство на правно лице”, а со третооспорениот акт – Одлуката, Советот на Општината дава согласност на Статутот на Фондот таков каков што е.

4. Имајќи ј предвид содржината на оспорените акти и одредби, Судот утврди дека тие норми не се општи правила на постапување неопределено време и во определена ситуација, туку се конкретни одредби со кои се основа поединечен правен субјект – донд за локални патишта на општина Гази Баба-Скопје, поради што тие акти и одредби не се пропис во смисла на член 110 од Уставот. Поради тоа, Судот не е надлежен да одлучува за нивната законитост, па согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Судот се одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.31/2002
12 март 2003 год.
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply