Решение У.бр.51/2002

У.бр.51/2002

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28, 68 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 5 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Неџат Муртезовски од Куманово поднесено на 29 март 2002 година преку полномошникот Шпенд Деваја адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, шт о се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста и мислата и забрана на дискриминација по основ на верска припадност.

2. Неџат Муртезовски од Куманово, преку полномошникот Шпенд Деваја адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му по днесе барање за поведување постапка за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста и мислата и забрана на дискриминација по основ на верска припадност, а кои му биле повредени со Решение на Министерството за одбрана на Република Македонија – Подрачна единица за одбрана – Куманово, под бр.14-461/2 од 28.12.2001 година, со кое е одбиено како неосновано барањето на Неџат Муртезовски за одлагање на служењето на воениот рок и за служењето на воениот рок без оружје во цивилна служба и Решението на Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на одбраната, внатрешните работи, правосудството, управата и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија, под бр.28/1-18/2 од 30.01.2002 година, со кое е одбиена жалбата на барателот за алтернативно (цивилно) служење на воениот рок, как о неоснована и е потврдено решението на првостепениот орган.

3. Во текот на постапката по предметот, Уставниот суд на Република Македонија постапувајќи по предметот У.бр.37/2002, со Одлука од 12 септември 2002 година го укина член 10 став 1 од Законот за одбрана (Одлуката е објавена во ” Службен весник на Република Македонија” бр.73/02 од 20 септември 2002 година), кој претставува ше основ за донесување на оспореното решение и е во директна зависност со предметното барање.

Судот на седницата утврди дека во одговорот на Министерството за одбрана бр.03-940/3 од 19 февруари 2003 година, е наведено дека ова министерство постапува согласно наведената одлука на Уставниот суд, со што се обезбедува остварување на правото на приговор на совеста согласно одредбите на Законот за одбрана. Во однос на барателот Неџат Муртезовски од Куманово, Комисијата за решавање по барањата на регрутите за сл ужење на воен рок во Армијата без оружје, односно во цивилна служба на Министерството за одбрана, донела решение со кое се усвојува барањето за служење на воениот рок во цивилна служба и регрутот Незировски ќе биде упатен на служење на воениот рок во цивилна служба во априлскиот упатен рок во 2003 година.

Според тоа, јасно произлегува дека поединечниот акт кој бил повод за поднесување на барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот веќе не постои и е заменет со нов поединечен акт со кој се усвојува барањето на Неџат Муртезовски од Куманово, за служење на воениот рок во цивилна служба, со што настанале процесни пречки за одлучување по барањето.

4. Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Врз основа на горенаведената одредба од Деловникот на Уставниот суд, а имајќи предвид дека постојат процесни пречки за одлучување по барањето, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Се лими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.51/2002
5 март 2003 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply