37/2002-0-0

37/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 септември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 10 став 1 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр. 42/2001),

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.37/2002 од 26 јуни 2002 година, по иницијативата на Стамен Филипов од Скопје, Шпенд Деваја, адвокат од Скопје и Информативниот центар за граѓанско општество од Скопје, поведе постапка за оценување уставноста на одредбата означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината соглансост со Уставот.

По донесувањето на означеното решение, иницијатива за оценување на уставноста на истата одредба од Законот поднесе и Цене Јакимовски од Скопје.

4. Судот на седницата утврди дека според членот 10 став 1 регрутот кој сака да слу`и воен рок согласно член 8 од овој закон (воен рок во Армијата без ору`је или воен рок во цивилна служба), поднесува писмено барање до Министерството за одбрана во рок од 15 дена од денот на приемот на поканата за регрутација, во кое ги наведува причините и начинот на кој сака да го служи воениот рок.

5. Во однос на членот 10 од Законот за одбрана, Судот ги имаше предвид уставните одредби кои се однесуваат на еднаквоста на граѓаните, слободата на вероисповеста и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, заштитните гаранции во однос на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, како и меѓународните документи, кои се составен дел на националниот правен поредок на Република Македонија, а се однесуваат на спорното прашање.

Согласно член 8 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот претставуваат една од темелните вредности на кои почива уставниот поредок на државата.

Согласно членот 16 став 1 од Уставот на Република Македонија, се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Членот 19 став 1 од Уставот ја гарантира слободата на вероисповеста. Според ставот 2 од овој член, се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Според ставот 3 од овој член, ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.

Во ставот 4 е содржан посебен вид заштитна клаузула за одредени слободи и права-неможност таа категорија слободи и права да се ограничат ниту со Уставот. Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувако постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата и вероисповеста.

Членот 9 од Европската Конвенија за заштита на човековите права и основните слободи се однесува на слободата на мислење, совест и вера.

Според ставот 1, секој човек има право на слобода на мислење, совест и верата. Ова право ја вклучува слободата за промена на верата и убедувањето, како и слободата за изразување на својата вера или убедување, сам или заедно со други, јавно или приватно, преку богослужба, поука, проповеди, верски обреди и ритуали.

Според ставот 2, слободата за изразување на својата вера или на своите убедувања може да биде предмет само на оние ограничувања што се предвидени со закон и кои претставуваат мерки во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно демократско општество.

Според членот 14 од Конвенцијата, уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална поло`ба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.

Според член 18 од Универзалната Декларација за човековите права на Обединетите Нации, секој има право на слобода на мислата, совеста и религијата. Ова право ја вклучува и слободата-човекот да ја промени својата религија или убедување, како и слободата-човекот, индивидуално или во заедница со други луѓе, приватно или јавно, да ја манифестира својата религија или убедување, преку подучување, практикување, одржување слу`би или обреди.

Според член 18 од Меѓународниот Пакт за граѓанските и политичките права на Обединетите Нации, секое лице има право на слобода на мислата, на совеста и на вероисповеста. Ова право ја подразбира слободата на исповедувањето и на примањето на вера или убедување по свое наоѓање, како и слободата таа вера или убедување да го манифестира поединечно или заедно со други, како јавно, така и приватно, преку култ, преку вршење на верски и ритуални обреди и преку веронаука.

Никој не може да биде предмет на принуда, со која би му се нарушила слободата да има или да прифати вера или убедување по негово наоѓање.

Слободата на манифестирањето на верата или убедувањето може да биде предмет само на оние ограничувања што ги предвидува законот, а што се нужни заради заштита на јавната безбедност, на редот, на здравјето или на моралот, или пак на основните слободи и права на други лица.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека не само Уставот на Република Македонија, туку и соодветните одредби од меѓународните документи ја третираат слободата на уверувањето, совеста и мислата, како право кое е природно и нераскинливо поврзано со човековото битие. Имено, мислата, совеста и уверувањето (вклучително и религиозното) спаѓаат во сферата на личното, интелектуално и филозофско поимање на светот кој го опкружува човекот. Тие се засноваат на сопствените сфаќања и убедувања на поединецот и како такви тие не може да бидат предмет на принуда или било каков вид притисок кои би довеле до нивно нарушување и ограничување. Оттука и правото обезбедува адекватни и соодветни правни механизми кои овозможуваат оваа слобода да биде гарантирана и заштитена.

Приговорот на совеста, претставува изведено, деривативно право кое произлегува од слободата на уверувањето, совеста и мислата. Тоа претставува средство (инструмент) кое овозможува носителот на ова право да избегне определени законски обврски, поради тоа што нивното исполнување е во конфликт со неговите/ нејзините морални, религиозни, филозофски и хуманитарни убедувања. Во основа, ова право се јавува во сферата на одбраната на земјата каде определени лица и под строго определени услови може да побараат (а државата да им дозволи) да бидат изземени од граѓанската должност да служат воен рок. Сепак, тоа не значи дека овие лица се целосно исклучени/ изземени од оваа обврска. Конфликтот на личните убедувања со граѓанските должности се манифестира во однос на носењето, користењето оружје. Затоа, државата обезбедува услови овие лица да го остварат своето право, но и својата обврска на одбрана на државата на начин кој нема да биде во колизија со нивните интимни убедувања.

Така, согласно член 8 од Законот, регрутот кој од верски или морални убедувања (приговор на совеста), не сака да служи воен рок во Армијата со оружје, може да служи воен рок во Армијата без ору`је или да слу`и воен рок во цивилна служба.

Оспорениот член 10 од Законот, го уредува начинот (процедурата) низ кој треба ова право да се реализира, за да мо`е носителот на ова право да го у`ива.

Имено, регрутот кој сака да го служи воениот рок на еден од алтернативните начини треба да поднесе писмено барање до ресорното Министерство во рок од 15 дена од денот на приемот на поканата за регрутација. При тоа, во писменото барање потребно е да ги наведе причините и начинот на кој сака да го служи воениот рок.

Судот констатира дека во случајот се работи за процедура во која потенцијалните носители на ова право се должни да докажат дека служењето на воениот рок со оружје не е во согласност со нивните морални или верски убедувања и поради тоа нивната совест и лично уверување не им дозволува извршување на својата граѓанска должност со оружје. Од тие причини, тие се должни во соодветна постапка да го сторат неприфатливо служењето на воениот рок со оружје и да се изјаснат на кој начин (еден од предвидените) тие ќе го служат воениот рок. Впрочем, покрај обврската да го служи воениот рок на еден од алтернативните начини, на приговарачот на совеста мора да му биде признаен таков статус во соодветна управна постапка. Само овие два елементи (сфатени во кумулативна смисла)-обврската да се служи алтернативна служба и постапка за признавање на статусот приговарач на совеста, може да претставуваат прифатлив основ кој со висок степен на сигурност може да потврди дека само лицата кои одбиваат да служат воена обврска со ору`је поради причини на совеста, мо`е да бидат ослободени од оваа обврска.

Во Главата В од Законот е дефинирана воената обврска. Според членот 50 од Законот, лицето кое подлежи на воена обврска е воен обврзник. Во текот на траењето на воената обврска, воениот обврзник е:

1) регрут-за време на регрутната обврска
2) војник-за време на служењето на воениот рок, и
3) воен обврзник во резерва-по регулирањето на слу`ењето на воениот рок.

Сите овие категории лица учествуваат во остварувањето на своето уставно право и обврска предвидени со членот 28 од Уставот-одбрана на државата. Сите овие лица, без оглед дали се работи за регрути, војници или воени обврзници во резерва имаат третман на воени обврзници и подлежат на правата и обврските предвидени со овој Закон.

Имајќи ја предвид дикцијата на членот 10 од Законот, може да се заклучи дека правото на приговор на совеста го уживаат само регрутите, а не и другите категории воени обврзници. Законот се определил ова право (да поднесат приговор на совеста) да им го признае (како можност) само на една категорија воени обврзници-регрутите, без при тоа да води сметка за воените обврзници кои имаат статус на војници или на воени обврзници во резерва. Приговорот на совеста не може да зависи и да се доведува во корелација со статусот кој воениот обврзник го има. Приговорот на совеста е нераскинливо поврзан со мисловната сфера на човекот, поради што Судот оцени дека не е прифатливо истиот да се признае на една, а да не постои правен основ за негово остварување за друга категорија воени обврзници. Оттука, со предвиденото право на приговор на совеста само за регрутите, законодавецот пропуштил да утврди постапка која ќе овозможи остварување на ова право на сите кои се должни да учествуваат во извршувањето на воените обврски. Со тоа, законодавецот ги дискриминирал овие категории лица (војници и воени обврзници во резерва) кои ја исполнуваат својата воена обврска и ги оневозмо`ил да го остварат ова право додека трае нивната законска обврска да учествуваат во одбраната на државата.

Приговорот на совеста, всушност претставува надворешна манифестација на слободата на мислата, совеста и верата. Ова право, ја вклучува и слободата за промена на верата и уверувањето. Оттука, несомнено е дека слободата подразбира создавање, менување и укинување на одредени лични сфаќања, морални или религиозни убедувања. Тоа што во еден момент е прифатливо за човековата совест и убедувања, не значи дека е трајно и дека не може да претрпи соодветни модификации и промени со текот на времето. Ова особено што воената обврска е континуирана и се остварува во долг период од животот.

Законот ова право го предвидува само за регрутите, кои може да го остварат по пат на писмено барање адресирано до соодветна Комисија во рок од 15 дена од приемот на поканата за регрутација. Судот оцени дека овој рок е преклузивен и неговиот истек означува гаснење на правото да се реализира приговорот на совеста. Тоа значи дека доколку регрутот не поднесе писмено барање за признавање на неговото право на приговор на совеста во рок од 15 дена од приемот на поканата за регрутација, тој го губи ова право и понатаму воопшто не може да го користи. Исто така, Судот оцени дека ваквото законско решение ја дефинира слободата на совеста и уверувањето (изразена преку правото на приговор на совеста) како нешто непроменливо, од фактот што законот го врзува остварувањето на ова право со рок после кој истото не може да се оствари. Според Судот, тоа претставува ограничување на правото поради фактот што приговорот може да се поднесе само еднаш во животот. Со оглед на тоа што слободата на совеста подразбира и промена на уверувањето, произлегува дека за остварување на ова право и слобода не може да се пропишуваат рокови, односно истото да се ограничува на начин што неговото остварување се врзува со рок после кој истото не може да се реализира. Врзувањето на овие слободи со временски рокови директно атакува врз суштината и значењето на овие слободи, како строго лични и нераскинливо поврзани со нивниот носител-поединецот. Причините за сомнението на Судот произлегуваат од временската неограниченост на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, која во себе ја опфаќа и слободата овие убедувања да се променат.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одредба од членот 10 став 1 од Законот за одбрана не е во согласност со членовите 9, 16 став 1, 19 став 1 и 54 став 4 од Уставот на Република Македонија, како и со членовите 9 од Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, членот 18 од Универзалната Декларација за човековите права и членот 18 од Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од Претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.37/2002
12 септември 2002 година
С к о п ј е
сд.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply