7/2002-0-0

7/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 7о од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 17 јули 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА на член 2 точка 1-а од Одлуката за висината на годишниот надоместок за патни, моторни и приклучни возила што подле`ат на регистрација, донесена од Владата на Република Македонија (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.41/96).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива од Кирил Георгиевски од Скопје со решение У.бр.7/2002 од 24 април 2002 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на член 2 точка 1-а од Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот и Законот за јавните патишта.

4. Судот на седницата утврди дека врз основа на член 102 став 1 од Законот за јавните патишта и член 45 од Законот за Владата на Република Македонија, Владата донела Одлука за висината на годишниот надоместок за патни моторни и приклучни возила што подле`ат на регистрација.

Во член 1 од оваа одлука е предвидено дека со неа се утврдува висината на годишниот надоместок што го плаќаат имателите на патни моторни и приклучни возила што подле`ат на регистрација, за користење на патот во зависност од влијанието на возилата врз оштетување на патот.

Во член 2 од одлуката е предвидено дека влијанието на возилото врз оштетување на патот се изразува во литри гориво МБ-98, а се наплатува во денарска противвредност, во зависност од видот на возилото и тоа:

1. Патнички возила
900 см3 – 20 литри
901-1350 см3 – 29,20 литри
1351-1800 см3 – 42,00 литри
1801-2500 см3 – 56,00 литри
2501-3150 см3 – 83,60 литри
3150 см3 – 111,20 литри

Во оспорената точка 1-а е предвидено дека патничките возила кои се преуредени за погон на плин, освен надоместокот од оваа точка плаќаат дополнителен надоместок во висина од 23,5 литри а такси возилата + 67 литри.

Понатаму во одлуката е утврдено кои други моторни возила во зависност од см3 изразен во литри го плаќаат предвидениот надоместок а тоа се моторцикли, товарни возила, автобуски, комбибуси, работни возила, приклучни возила, влечни возила, специјални возила и комбинирани возила.

5. Според член 9 од Уставот на Република Македонија граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според член 33 од Уставот на Република Македонија, секој е дол`ен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Според член 56 став 1 од Уставот на Република Македонија сите природни богатства на Републиката, растителниот и `ивотинскиот свет, добрата во општа употреба како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добро од општ интерес за Републиката и у`иваат посебна заштита.

Тргнувајќи од фактот што патиштата како добра во општа употреба се добра од општ интерес за Републиката и у`иваат посебна заштита, нивниот правен ре`им се утврдува со закон. Така со Законот за јавни патишта (“Слу`бен весник на РМ” бр.26/96) се уредени сите релевантни прашања, кои се однесуваат на нивното одр`ување и користење.

Изворите на финансиските средства за изградба, реконструкција, одр`ување и заштита на јавните патишта се утврдени во член 96 од Законот.

Во таа смисла во точката 3 на член 96 е предвидено годишниот надоместок за патните моторни и приклучни возила што подле`ат на регистрација.

Висината на овој надоместок согласно член 102 од Законот ја утврдува Владата на Република Македонија во зависност од влијанието на возилото врз оштетувањето на патот.

Имајќи ги предвид изнесените уставни одредби произлегува дека јавните патишта како добро од општ интерес у`иваат посебна заштита и нивниот ре`им се утврдува со закон.

Со оглед на тоа законодавецот согласно уставното овластување вовел надоместоци за финансирање на јавните патишта меѓу кои и надоместок за патни моторни возила, приклучни возила што подле`ат на регистрација чија висина ја утрдува Владата во зависност од влијанието на возилото врз оштетувањето на патот.

Според тоа ако надоместокот утврден со закон се плаќа поради влијанието на возилото врз оштетување на патот, а тоа влијание зависи од кубика`ата на возилото односно од видот на возилото, а се изразува во литри МБ-98, Судот оцени дека фактот што моторното возило кое е преуредено и користи плин наместо друг вид на гориво, а се користи за сопствени потреби или за обавување на такси дејност, нема влијание врз оштетување на патот и неможе да биде посебен основ, сопствениците на овие возила да плаќаат зголемен надоместок на кој начин тие се ставни во нееднаква поло`ба во однос на другите сопственици на патнички возила кои користат друг вид на гориво.

Воедно Судот смета дека Владата ги надминала законските овластувања и утврдила посебна јавна давачка за сопствениците на патнички возила кои патничкото возило го преуредиле да користи плин и со него обавуваат такси дејност.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.7/2002
17 јули 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply