44/2002-0-0

44/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 март 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на називот на Правилникот во деловите

2. Стамен филипов од Скопје, на Уставноит суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорените делови од Правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со одредбите на оспорениот правилник се уредувале прашања што биле во исклучив домен на законско уредување, па бидејќи тие одреби излегувале надвор од уставните и законските рамки тоа не било во согласност со членовите 8, 34, 51 и 96 од Уставот и повеќе одредби од Законот за здравственото осигурување и Законот за организација и работа на органите на државната управа.

3. Судот на седницата утврди дека наведениот правилник беше предмет на оценување во целина, па и во сега оспорените делови, од овој Суд, од иницираниот аспект и од истиот иницијатор (Решение У. бр. 74/2001, 77/2001 и 78/2001 од 21 ноември 2001 година), притоа Судот не поведе постапка за оценување уставноста и законитоста, меѓу другите и на овој правилник, бидејќи оценил дека прашањата што се уредуваат со Правилникот всушност претставуваат разработка на правата на граѓаните определени во Законот за здравственото осигурување, како и уредување на начинот и постапката на остварувањето на законските права, така што тој е во функција на остварувањето на Законот и како таков не излегува надвор од законските рамки.

4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.

Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијати-вата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основа за поинакво одлучување.

Тргнувајќи од содржината на наведените одредби, а имајќи предвид дека оспорените делови од Правилникот беа предмет на оценување од иницираниот аспект, а Судот не наоѓа основа за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У. бр. 44/2002

д.б.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply