51/2001-0-0

51/2001-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 септември 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.3/01).

2. Габриела Николовска од Скопје и Достана Томевска од Гостивар, на Уставниот суд на Република Македонија, одделно му поднесоа иницијатива за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што не бил во согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека постапувајќи по предметот У.бр.10/2001 Уставниот суд со Одлука од 12 септември 2001 година го укинал оспорениот закон затоа што оценил дека тој не е во согласност со Уставот.

4. Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Тргнувајќи од наведените одредби, а имајќи предвид дека Уставниот суд, со Одлука У.бр.10/01 од 12 септември 2001 година, го укинал Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.3/01), што значи за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.51/2001
У.бр.112/2001
19 септември 2001 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply