93/2001-0-1

93/2001-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 20 јуни 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на точка 1 став 2 точка 2 став 2 од длуката за бројот за запишување студенти во прва година на државните високообразовни установи на Универзитетот “Св. Кирил и
Методиј” во Скопје и Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, во учебната 2001/2002 година, донесена од Владата на Република Македонија (“Службен весник на РМ” 6р.27/2001).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на:а) член 8, 9, 10 и 12 од Правилникот за условите и критериумите за запишување на додипломски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски
гласник 6р. 1 од 30 март 2001 година) иб) Дел ИИ точка 2 и 3, дел 11.1 и дел ИВ од конкурсот за запишување студенити во прва година на факултетите на
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во учебната 2001/2002 година.
3. Група граѓани, преку полномошникот Бранко Јосифовски, адвокат од Сколје, на Уставниот суд на РепуОлика Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во
точката 1 и 2 од ова решение.Членовите 8, 9, 10 и 12 од Правилникот се оспоруваат затоа што со нив се пропишува полагање на приемен испит, со што завршените средношколци се дискриминираат во поглед на идниот статус на студенти и се овозможува реализација на концептот за кофинансирање на студентите како облик на нееднаков третман, што не било во согласност со Уставот.Од истите причини се оспорува и конкурсот во деловите во кои е предвидено запишување на студенти со кофинансирање и полагање на приемен испит.Одлуката на Владата се оспорува затоа што со неа се воспоставува нееднаквост во поглед на запишувањето на државните универзитети, со тоа што Владата одредила различна висина на трошоците за студирање кои се покриваат со кофинансирање од страна на студентите кои не се опфатени во квотата на финансирање од буџетот, а освен тоа Владата не Оила овластена со закон да ги уредува овие прашања.Во иницијативата се бара Судот да го запрс извршувањето на Конкурсот до донесување конечна одлука.4. Според член 44 од Уставот секој има право на образование што му е достапно секому под еднакви услови, а задолжително и бесплатно е само основното образование,Според член 9 став 2 од Уставот граѓаните се еднакви пред Уставот и законите. Според членот 89 од Законот, државна високообразовна установа може да воведе кофинансирање на трошоците за студирање, ако не остварува средства од Фондот за тие потреби (став 1). Согласно став 2 на овој член студентот кој без оправдани причини не ги исполни условите утврдени со правилата за студирање утврдени со статутот на државен факултет и висока стручна школа. ги сноси трошоците на школување за исполнување на заостанатите обврски на студентите. Во став 3 на овој член е предвидено дека условите под кои се воведува кофинансирање од ставовите 1 и 2 на овој член ги усогласува универзитетот во чиј состав е високообразовната установа. Во член 85 алинеја 9 од Законот, во надлежност на Управниот одбор на Фондот за високообразовна дејкост е и утврдувањето на мерила и критериуми за кофинансирање на студиите и другите партиципации на студентите.Во член 101 став 2 е пропишана содржината на конкурсот за запишување на студенти, во која. меѓу другото, опага и утврдување на роковите за пријавување, полагање и запишување на кандидатите. Според член 102 од Законот. Владата на Република Македонија го определува бројот за запишување на студентите на државните високообразовни установи што се финансираат од државата, по предлог на Фондот.
5. Разгледувајќи ги оспорените одредби од Правилникот и Конкурсот во контекст на изнесените уставни и законски одредби, Судот најпрво утврди дека со решение У.бр.89/2001 од 30 мај 2001 година не поведе постапка за оценување уставноста на членовите 89 и 101 став 2 од Законот за високото образование, оценувајќи дека со кофинансирањето на трошоците и условите за остварувањето на овој облик на остварување на правото на образование. не се повредуваат принципите содржани во член 44 и член 9 од Уставот. Имено. Уставот, обезбедувајќи само бесплатно основно образование. не ја исклучува можноста повисоките облици на образование да се финансираат и со учество на учениците и студентите, што зависи пред се од материјалните можности на државата и политиката во образованието. При тоа, од аспект на уставноста, значајно е да се исклучи секаков облик на дискриминација заснована на арбитрерност и субјективна селекција. што е истовремено барање и на член 44 и на член 9 од Уставот. Во тој контекст, Судот оцени дека критериумите за кофинансирање на трошоците утврдени во законот се објективизирани на две нивоа: со можностите на д ржавата и со резултатите и успехат во студирањето на запишаните студенти. Тој начин на пропишување на критериумите за кофинансирање, според мислењето на Судот, ја исклучува арбитрерноста и обезбедува еднаквост на условите за достапноста на високото образование за сите кандидати и студенти. Според оценката на Судот. приемниот испит од член 101 став 2 од Законот, ја исполнува истата функција на пропишување објективен и еднаков услов за достапност на високото образование како во поглед на ограничените квоти што може да ги финансира државата, така во поглед на посакуваното ниво на квалитет во селекцијата на каднидатите.Тргнувајќи од ова правно становиште, Судот оцени дека оспорените одредби од Правилникот и Конкурсот со.кои се пропишува кофинансирање на студенти и полагање на приемен испит, не се во несогласност со Уставот и со Законот за високото образование,Во поглед на различната висина на износите за кофинансирање за различни факултети на универзитетот, Судот смета дека тие во принцип се објективно условени од различните услови за слроведување на нставата на факултетите на кои се изучуваат технички или применети науки во кои учебните помагала вклучуваат софистицирана опрема, потрошниматеријали итн. Судот се разбира, не навлегува во прашањето колку може да чини студирањето на еден или друг факултет, туку за неговата одлука е важно дека објективните разлики во трошоците на наставниот процес можат да бидат основ за различна цена на образовните услуги, што ја исклучува повредата на принципот на еднаквост.Судот, исто така, го имаше предвид и фактот дека Фондот за високо образовна дејност се уште не е конституиран и дека тој не ги утврдил критериумите и мерилата за кофинансирање, ниту дал согласност на актите на универзитетот со кои тоа е пропишано. Но од друга страна, празнината во примената на законот настаната со неконституирање на Фондот, ако се држи до формата. практично го спречува запишувањето на студентите со кофинансирање и достапноста на образованието за еден голем број граѓани.Поради тоа. Судот се впушти во проценка дали формалната законитост треба да биде поголемата вредност што треба да се заштити. од правото на образование како уставна вредност. Тестот на пропорционалност. според мислењето на Судот, може да го оправда, со оглед на сите околности, опстојувањето на една неперфектна подзаконска регулатива, која во своите крајни ефекти придонесува за остварување на целите на законот и на уставните права на граѓаните. Со други зборови, формалниот недостаток на актите на универзитетите за кофинансирање на студиите, во дадената ситуација е сразмерно занемарлив во однос на улогата на тие акти во остварувањето на уставното право на образование.Основот за ваквиот пристап на Судот е околностп што според законот кофинансирањето на студирањето е секако надлежност на универзитетот, а сеуште неконституираниот фонд не е владино тело, туку тело составено од универзитетски професори што ја имплицира неговата координативна. а не управна функција. Оттука. непостоењето на фондот и отсуство на неговата согласност на актите за кофинансирање, како една објективна ситуација, не предизвикува промена на надлежноста за утврдување на висината на кофинансирањето која ја имаат универзитетите во согласност со законот. Врз основа на изнесеното, Судот смета дека формалниот недостпток предизвикан со непостоење на Фондот. не може да ги доведат но прашање актите на Универзитетот со кои се овозможува правото на образование според условите предвидени во законот.
6. Од членот 102 од Законот јасно произлегува дека Владата на Република Македонија има овластување само да го утврди бројот на студентите кои се запишуваат во рамките на државната квота. Надлежноста за воведување на офинансирањето им припаѓа на високообразовните установи, а Фондот е нституција во чие управување универзитетските работници. Посегањето на прашањето на кофинансирањето претставува автономијата на универзитетот гарантирана со Уставот. Тоа што не постои фондот. не значифункција може да се префли врз Владата, без соодветно задржување на положбата на универзитетот во одлучувањето за прашања од надлежност на Фондот. Од тоа гледиште, Владата излегува од рамките и на законот и на Уставот, поради што оцени дека може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одлука со Уставот и со законот.
7. Врз основа на изнесеното. Судот одлучи како но точката 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен
Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.93/2001
20 јуни 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply