33/2001-0-0

33/2001-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 18 април 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за висината на наменските средства на давателите и корисниците на комунални услуги за приклучок на водоводна и одводна мрежа бр.07-352, донесена од Советот на општина Кривогаштани на 22 декември 2000 година.

2. Александар Затковски од Кривогашатаи на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што таа не било во согласност со членовите 33 и 56 од Уставот, со Законот за водите, Законот за комуналните дејности и Законот за градежното земјиште. Имено со неа се воведувала обврска за граѓаните да плаќаат такса за приклучување на водоводната мрежа заради обезбедување на средства како дополнителни средства за финансиска конструкција на регионалниот водовод Кривогаштани. Понатаму во иницијативата се наведува дека одредената такса не е за доградба на водоводот, туку за финансирање на јавното комунално претпријатие кое подоцна е формирано.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се утврдува обврска за плаќање и се определува висината на наменските средства за давателите и корисниците на комуналните услуги за приклучок на водоводна и одводна мрежа на Регионалниот водовод Кривогаштани. Според членот 2 од одлуката надоместокот за прилучок изнесува 3000 ДМ во денарска противвредност на денот на уплатата.

4. Судот исто така утврди дека по предметот У.бр.122/2000 Уставниот суд на Република Македонија со Одлука од 14 март 2001 година ја поништил оспорената одлука со оглед на тоа што таа не била во согласност со член 33 од Уставот и Законот за комунални дејности.

5. Со оглед на тоа што оспорената одлука Уставниот суд на Република Македонија ја оценувал и истата ја поништил односно ја отстранил од правниот поредок согласно член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.33/2001
18 април 2001 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply