122/2000-0-0

122/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 март 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за висината на наменските средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за проклу чок на водоводна и одводна мрежа бр.07-352, донесена од Советот на Општина Кривогаштани на 22 декември 2000 година.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по сопствена иницијатива со Решение У.бр.122/2000 од 24 јануари 2001 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката озна чена во то чката 1 на оваа одлука затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со член 33 од Уставот и член 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности (“Службен весник на Република Македонија” бр.45/97).

4. Судот на седницата утврди дека според оспорената одлука се утврдува обврска за плаќање и се определува висината на наменските средства за давателите и корисниците на комуналните услуги за приклу чок на водоводна и одводна мрежа на Регионалниот водовод Кривогаштани. Според членот 2 од оваа одлука надоместокот за приклу чок изнесува 300 ДМ во денарска противвредност на денот на уплатата.

5. Согласно член 33 од Уставот на Република Македонија секој е должен да плаќа данок и други јавни дава чки и да у чествува во намирувањето на јавните расходи на на чин утврден со закон.

Според член 11 од Законот за комуналните дејности, сопственикот на градежен објект, изграден согласно со законските прописи, е должен објектот да го приклу чи на комуналната инфраструктура. Нејзината изградба и одржување, соглансо член 13 од Законот се финансира од у чеството на инвеститорот во уредувањето на градежното земјиште, од цената на комуналната услуга, од надоместокот за употребата на градежното земјиште, буџетот на основа чот, донаторство, наменски средства на давателите и корисниците на услугите и друго. Според членот 26 од Законот, средствата се обезбедуваат од цената на комуналните услуги, рентата и буџетот на општината.

Од анализата на новата одлука произлегува дека повторно се воведува обврска за плаќање на приклу чок на водоводната и одводната мрежа што треба да ја плаќаат граѓаните и тоа како наменски средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за приклу чок на водоводна и одводна мрежа и како своја основа ја има одредбата на член 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности според кој финансирањето на изградбата и одржување на објектите за водоснабдување се врши од: у чеството на инвеститорот во уредување на градежното земјиште; цената на комуналната услуга; надоместок за употреба на градежно земјиште, надоместок за употреба на градежно земјиште-рента во висина 50% од вкупно прибраните средства по оваа основа; буџетот на основачот; донаторст во; наменски средства на давателите и корисниците на комуналните услуги и други средства утврдени со закон.

Според мислењето на Судот, изворот на средства насловен како “наменски средства на двателите и корисниците на комуналните услуги” не е основ, односно право на општината да воведува надоместок за приклу чок, туку тој може да биде извор за изградба и одржување на објектите за водоснабдување исто така, според мислењето на Судот, наменските средства на давателите и корисниците на услугите може да бидат дел од средствата кои се остваруваат од цената на комуналните услуги но за кои одлу чува комуналната организација. Во слу чајов и покрај тоа што како извор на средства се наменски средства на давателите и корисниците на услуги, всушност се работи за утврдување обврска на граѓаните да плаќаат за приклу чок на водоводната и одводната мрежа што претставува вид на дава чка, а нема карактер на јавна дава чка утврдена со закон, поради што Судот оцени дека Одлуката не е во согласност со член 33 од Уставот и членот 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности.

Во поглед на наводите на доносителот на оспорената одлука дека истата е донесена по предходно спроведена анкета за плаќање на приклу чок не претставува јавна дава чка, туку Општината Кривогаштани ги презела сите активности за покривање на финансиската конструкција за Регионалниот водовод Кривогаштани, затоа што уште не било основано Јавното претпријатие “Пелагонија”, Судот не ги прифати од при чини што оспорената одлука и содржински и суштински воведува надоместок за приклу чок односно утврдува обврска за граѓаните да плаќаат за приклу чок на водоводна и одводна мрежа што нема основ во законот, а спроведе ната јавна анкета, исто така, не може да биде замена за референдум како на чин на изразување на волјата на граѓаните.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласност со член 33 од Уставот и член 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности.

6. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.122/2000
14 март 2001 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов

Leave a Reply