206/2000-0-0

206/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 28 февруари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на законитоста на членовите 19, 22, 31 и 33 од Статутот на Техничкиот факултет Битола 6р.01-338/1 донесен од Советот на Техничкиот факултет-Битола на 6 јуни 1999 година.
2. Д-р Сотир Пановски и Д-р Витомир Стојановски од Битола, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на членовите од Статутот означен во точката 1 од ова решение. Според иницијаторите постапката за избор на декан предвидена во Статутот не била во согласност со Законот за насоченото образование, бидејќи според Статутот, можните кандидати за декан се предлагале на седница на советот, а според Законот, индивидуалниот работоводен орган на факултетите се избирал и се разрешувал на предлог од посебна комисија. Понатаму, извршениот избор на декан не бил во согласност и со членот 75 став 4 од Законот за високото образование бидејќи според Статутот, одлуката се сметала за донесена ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број наставници (без учество на соработниците и студентите), а според Законот одлуката била донесена ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број членови.Иницијаторите сметаат дека факултетската управа со која раководи деканот не може да биде второстепен орган, бидејќи според Законот за насоченото образование како второстепен орган бил предвиден Советот во проширен состав при што претседател на овој Совет неможел да биде деканот. 3. Судот , на седницата утврди дека Уставниот суд на Република Македонија со Одлука У.бр.102/2000 од 7 февруари 2001 година го укина Статутот на Техничкиот факултет – Битолабр.01 -338/1 донесен од Советот на Факултетот на 6 јуни 1999 година. При тоа Судот утврди дека Статутот на Техничкиот факултет е донесен без согласност на Собранието на Република Македонија, поради што тој не бил во согласност со Законот за насоченото образование во времето на неговото важење.
4. Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување на Судот по иницијативата.Со оглед на тоа што Статутот на Техничкиот факултет – Битола е укинат со Одлука на Уставниот суд У.бр.102/2000 од 7 февруари 2001 година, Судот оцени дека има процесни пречки за одлучување поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.6р.206/2000
28 февруари 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply