200/2000-0-0

200/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 21 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92) на седницата одржана на 24 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 55 став 2 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите (“Службен весник наСРМ” 6р.27/86 и 17/91).
2. Горан Драгоман од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одредбата означена во точката 1 од ова решение, од причини што истата не била во согласност со член 8 алинеја 6 и член 30 од Уставот на Република Македонија и
со членовите 37, 41 и 42 од Законот за основните сопственосноправни односи (“Службен лист на СФРЈ” бр.6/80 и 36/90). Според лодносителот на иницијативата, со оспорената одредба според која тужба за бришење на запишаните права на недвижностите и враќање во поранешна состојба може да се поднесе кај редовниот суд во рок од 3 години од денот на
извршеното запишување ја доведувала во прашање уставната гаранција на правото на сопственост и незастарливоста на правото да се бара негово остварување, пропишана во цитираните одредби од Законот за основните сопственосноправни односи.
3. Судот на седницата утврди дека со решение У.бр.165/97 не повел постапка за оценување на уставноста на членот 55 од Законот. Според мислењето на Судот, лицето кое претендира на правото на сопственост на недвижност која во
катастарот е залишана на име на друго лице, во секое време може
да го докаже своето сопственичко право, во судски спор по
сопственичка тужба и да добие пресуда врз основа на која може
да биде извршен нов упис. Според Судот, сопственичкиот спор и
спорот за бришење на упис во катастарот и враќање во
поранешна состојба се две различни постапки кои сопственикот
на недвижноста може да ги води заради докажување на своето
право на сопственост. Пропуштањето на преклузивниот рок од 3
години не ја исклучува можноста во секое време да се поднесе
сопственичка тужба. Оттука, Судот утврдил дека оспорениот
член 55 не е во несогласност со уставните одредби кои се 2. однесуваат на правната заштита и гаранција на правото на сопственост.
4. Согласно член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.Согласно член 28 став 1 алинеи 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.Со оглед на тоа што Судот веќе одлучувал за уставноста на оспорената одредба, при што смета дека не постојат услови за поинакво одлучување, како и поради тоа што со иницијативата се бара оценување на меѓусебната согласност на закони, како прашање кое не спаѓа во негова надлежност, Судот утврди дека не постојат процесни претпоставки да одлучува по поднесената иницијатива.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение. 6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим
Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.6р.200/2000
24 јануари 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply