168/2000-0-1

168/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Решението на Основниот суд во Охрид (рег.зфр.бр.18/2000 од 19 јуни 2000 година) со кое е извршено запишување на Здружението на граѓани “Радко”- Охрид во Регистарот на граѓани и фондации.
3. М-р Јагнула Куновска, Душко Апостолски и Лефко Таневски, адвокати од Скопје, Лигата за демократија, претставувана од д-р Ѓорги Марјановиќ од Скопје и борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 од Штип, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за оценување уставноста на актите означени во точките 1 и 2 на ова решение.Според наводите во иницијативите, оспорените акти биле противуставни затоа што биле насочени кон : насилно уривање на државниот поредок; попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, односно негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост.
4. Во одговор на наводите на иницијативата на адвокатите м-р Јагнула Куновска, Душко Апостолски и Лефко Таневски, кои ги оспоруваат Програмата и Статутот наЗдружението, доносителот на оспорените акти наведува дека злонамерно е тврдењето за пропагирање на дејствување со сите можни средства на ванчовата идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ во полза на туѓа национална свест. Здружението имало зацртано своја програма и програмски цели кои се во согласност со Уставот и законите на Република Македонија и нормално е дека ќе ги употребело сите законски средства за нивно остварување.Што се однесува до членот 20 алинеа 3 од Уставот на Република Македонија, Здружението истакнува дека во оспорените акти никаде не може да се најдат елементи кои упатуваат дури и во најмала мерка кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.
5. Судот на седницата утврди дека во уводниот дел од Програмата на Здружението се појаснува дека за негово име е прифатен најчесто ползуваниот псевдоним на Иван Михајлов -“Радко”, чија револуционерна дејност, а посебно културната и публицистичка актива биле вткаени во историјата на Македонија. И покрај тоа што неговото дело допрва ќе се оценувало, неспорен бил фактот дека под негово раководство македонското ослободително движење прераснало во голем пример за слободољубието на човечкиот дух.Во првата глава од Програмата се истакнува дека Иван Михајлов-“Радко “, како морален и интелектуален столб на револуционерната и културната борба на Болгарите од Македонија, е автор на публикации кои се најавтентично и најавторитативно свидетелство за идејната содржина на македонското ослободително движење. Заради својата фактографска заснованост, тие останувале историски источник од неспорен научен формат. Неговата оставина, на денешните и идните поколенија им ги приопшт’вала најпип/пните доказателства (докази) за револуционерната и културната оороа на Болгарите од Македонија.Во втората глава се содржани целите на Здружението:- издигнување и афирмација на македонското културно пространство, со приоритет на културно историскиот идентитет на Славјаните од Македонија, кои што през вековите се
пројавувале како Болгари;- воспоставување на традиционалните етички и човечки ценности и афирмација на македонското ослободително движење. Во третата глава се определува начинот на еализирањето на целите на Здружението и тоа преку: – сопствена книгоиздавачка дејност, издавање на сопствен весник и сопствени електронски медии;- организирање на конференции, семинари и трибини со учество на видни научни и културни дејци од земјата и странство и- соработка на Здружението со научни, културни и образовни институции, со подобни здруженија и организации од земјата и странство.Со Статутот на здружението “Радко” се уредуваат основните начела на организирање, името, седиштето и дејноста на Здружението, програмските цели и активности, правата, должностите и одговорностите на членовите, правниот статус, печат, штембил и знак како и изворот на материјалните средства неопходни за работа, остварување на јавност во работата, определување на услови за основање на организациони единици, условите и начинот на пристапување и исклучување од Здружението, неговото преставување и застапување во правниот промет и кон трети лица и престанувањето на Здружението. Посебно внимание заслужуваат одредбите од член 3 став 2 и член 7 алинеја 3 од овој статут. Имено, согласно член 3 став 2 од Статутот, Здружението “Радко” е самостојна, непартиска и општествена организација кое се занимава со изучување и афирмација на македонското ослободително движење, преку општо прифатени демократски стандарди и принципи.Согласно член 7 алинеја 3 од Статутот, Здружението ги има следните цели и задачи:- залагање за афирмација на целите, задачите и
идеите на македонското ослободително движење преку издавање
на сопствен весник, книгоиздавачка дејност, библиотека, преку сопствени електронски медиуми, семинари, конференции, трибини и други културни форми на делување.
6. Согласно член 110 алинеја 7 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијатана граѓаните.Согласно став 1 на член 20 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.Во ставот 2 на овој член од Уставот е утврдено дека граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.Ставот 3 на овој член од Уставот, пак, содржи императивна норма според која програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.Имајќи ги предвид наведените уставни одредби наспроти содржината на Статутот и на Програмата за дејствување на Здружението на граѓани “Радко” – Охрид, според мислењето на Судот постои основано сомнение дека истите се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.Ова од причина што според учењето на Иван Михајлов “Радко”, македонскиот етнос никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија и дека со неговото признавање бил направен најкрупниот престап во болшевичката централа за времето на нејзиното суштествување. Имено, според неговото учење, процесот на дебугаризација на Македонија, насилно спроведен после вотрата светска војна, претставува србо-комунистичко ропство, а оваа србокомунистичка доктрина и по осамостојувањето на Република Македонија од 1991 година, продолжувала да биде официјална доктрина во државата. Поведени од тие причини, основачите на Здружението “Радко” си поставиле основни цели содржани во Програмата на Здружението: издигнување и афирмација на македонското културно пространство со прироитет на културноисторискиот идентитет на славјанското население од Македонија, кое што низ вековите ја пројавувало својата болгарска етничка припадност; воспоставуање на традиционални етички и човекови вредности;незаборавањето на бугарско етничкото потекло на македонскиот народ, што инаку би значело одрекување од неговата традиција и од неговата култура.Афирмацијата, пак, на идеите на македонското ослободително движење, според Здружението, всушност значи ослободување од “македонизмот”, како србо-комунистичка доктрина и од ” измислената македонска нација” која била искористена како отворена врата за влегување на целокупна Македонија во рамките на Југославија.Имајќи го предвид изнесеното , Судот оцени дека Статутот и Програмата на Здружението на граѓани “Радко ” -Охрид, се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост, поради што изрази сомневање за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.При заземањето на овој став, Судот имаше предвид дека слободата и правото на здружување и дејствување на граѓаните, како дел од корпусот на слободите и правата на човекот и граѓанинот, е темелна вредност за опстојување и развивање на демократските односи во вршењето на власта во Република Македонија, во чија основа се граѓаните со своите слободи, права, стремежи и интереси, односно за остварување на уставната определба на Република Македонија како демократска држава, поради што оваа слобода и право е изречно гарантирана во член 20 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија .Меѓутоа, според мислењето на Судот, слободата и правото на здружување, организирање и дејствување не може да се сфати и одобри во целите и изборот на средствата за нивно остварување.Имено, принципите и гаранциите на остварувањето на слободата на здружување и дејствување недвосмислено се определени во член 20 став 3 од Уставот, со забраната програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување и разгорување на национална омраза или нетрпеливост, како и во членовите 1,3 и 8 од Уставот, кои обврзуваат на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Понатаму, според мислењето на Судот, во оценката на Програмата и Статутот на Здружението , од аспект на забраните што се утврдени во член 20 став 3 од Уставот, треба да се земат предвид како оние програмски цели кои директно и експлицитно повикуваат на уривање на уставниот поредок, односно изречно поттикнуваат разгорување на национална омраза и нетрпеливост, така и оние определби и активности кои објективно значат насоченост кон она што Уставот не го дозволува.Во овој контекст, Судот ја имаше предвид и Преамбулата на Уставот на Република Македонија во која се поаѓа од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ и секое дејствување усмерено кон негирање на неговата самобитност, всушност е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, кон поттикнување или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост и кон негирање на слободното изразување на неговата национална припадност.
7. Исто така, Судот на седницата утврди дека Основниот суд во Охрид, како вонпроцесен првостепен суд, составен од претседателот на Судот како судија поединец, во Регистарот на здруженијата на граѓани и фондации под Рег.згф.бр. 18/2000 го запишал Здружението на граѓани под име: Здружение на граѓани “Радко”-Охрид.Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и со законите.Со оглед на тоа дека решението за регистрација на Здружението на граѓани “Радко” – Охрид, не претставува пропис во смисла на погоре посочениот член од Уставот, Судот оцени дека не е надлежен за оценување на неговата уставност.
8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д- р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р ЈосифТалевски.

У.бр. 168/2000
17 јануари 2001 година
С к о п ј е

Leave a Reply