156/2000-0-0

156/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 ноември 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 141 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на член 47 од Статутот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.50/94 и 34/95).

3. Марика Витанова од Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 141 став 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение и за оценување уставноста и законитоста на член 47 од Статутот означен во точката 2 од ова решение, затоа што оспорените одредби не биле во согласност со член 15 од Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека постапувајќи по предметот У.бр.202/96 ја оценувал уставноста на член 141 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и со Одлука од 14 мај 1997 година ја укинал оспорената одредба, со оглед на тоа што таа предвидувала ист орган (Фондот) да решава во прв и во втор степен за остварување на право од пензиското и инвалидското осигурување, а не по жалба за тоа да одлучува орган кој не учествувал во одлучувањето во прв степен, што не било во согласност со член 15 од Уставот.

Исто така, Судот постапувајќи по предметот У.бр.193/97 ја оценувал уставноста и законитоста на член 47 од Статутот на Фондот и со Одлука од 29 април 1998 година ја укинал оспорената одредба, со оглед на тоа што со таа одредба се пропишувало дека и во втор степен одлучува ист орган (Фондот), што не било во согласност со член 15 од Уставот и член 22 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.32/97).

5. Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Тргнувајќи од тоа дека Уставниот суд постапувајќи по предметите У.бр.202/96 и У.бр.193/97, веќе ја оценувал уставноста на член 141 став 1 од Законот и уставноста и законитоста на член 47 од Статутот и ги укинал, што значи за истата работа веќе одлучувал, а не наоѓа основи за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.156/00
1 ноември 2000 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply