84/2000-0-0

84/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членои 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 јули 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 7 точка 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот “наполнет кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос” (“Службен весник на РМ” бр.25/2000).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 7 точка 3 од Законот означен во точката 1 од ова решение затоа што со него се повредувало уставното начело на еднаквост односно при исплаќање на испратнина се врши дискриминација помеѓу работниците кои имаат ист работен стаж само во зависност од тоа дали стажот го стекнале кај претходниот работодавец или кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос поради технолошки, структурални,економски или слични промени.

3. Судот на седницата утврди дека во член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој се менува член 130 од Законот за работните односи се предвидени одредени права за работникот што работодавецот е должен да му ги обезбеди, односно е должен да му обезбеди едно од неговите права во случај на економски, технолошки, структурални или слични промени и тоа:
1. Вработување кај друг работодавец без огласување на работното место, со преземање и склучување договор за работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно квалификација или
2. Стручно оспособување, преквалификација или доквалификација за работа кај друг работодавец или
3. Еднокраатен надомест во вид на испратнина, односно едномесечна плата на работникот за секои две години работен стаж наполнет кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос, а најмногу 12 месечни плати, остварена во претходниот месец од денот на престанокот на работниот однос на работникот, што се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.

4. Според член 32 став 1 од Уставот на Република Македонија има право на работа, слободен избор на врабо-тување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, а според став 5 на овој член остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и колективни договори.

Според член 58 став 1 од Уставот сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.

Според член 1 од Законот за работните односи, работниот однос е дефиниран како договорен однос меѓу работникот и работодавецот.

5. Од наведените уставни одредби, во услови на пазарниот амбиент, правната положба на сопственоста како и организирањето на трудот и на капиталот и остварувањето на процесот на приватизација на општестениот капитал, влијаат на радикалната промена на својството и на положбата на трудот и на неговиот карактер.

Имено за разлика од дефинирањето на работниот однос во Законот за основните права од работниот однос според кој работниот однос беше утврден како доброволен однос меѓу работникот и организацијата односно работодавецот, заради вршење на определени работи и задачи економски и целесообразно, одговорно користење на средствата во општествена сопственост и заради остварување на правата и обврските што се стекнуваат на работа и по основ на работа, Законот за работните односи, работниот однос го дефинира како договорен однос меѓу работникот и работодавецот заради вршење на определени работи.

Ваквиот начин на дефинирање на работниот однос наоѓа основ во уставното начело дека сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето при што трудот нема инфериорна положба наспрема капиталот, односно сопственоста, па оттука и определбата на законодавецот работниот однос да го дефинира како доброволен, договорен – облигационен однос меѓу работникот и работодавецот.

Според тоа за работодавецот од една страна и работникот од друга страна настануваат права и обврски од моментот на склучување на тој договор.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот смета дека со оспорениот дел од одредбата според кој е предвидено дека на работникот кој поради технолошки структурални или други промени ќе му престане работниот однос има право на испратнина во зависност од работниот стаж поминат кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос, не се нарушува начелото на еднаквост. Имено ова право не може да се постави во корелација со начелото на еднаквост од причина што работодавецот е должен да им исплати испратнина во одредена висина за она време и на оние работници кои учествувале во создавањето на капиталот а не и на другите кои не учествувале во создавањето на капиталот без оглед на стажот поминат кај друг работодавец.

Меѓутоа, и покрај ваквиот став, во вункција на еднаквоста на граѓаните пред законот, Судот смета дека државата односно законодавецот треба да има предвид и да пропише правна основа и утврди инструменти за обезбедување на средства за остварување на правото на испратнина без оглед на тоа дали работникот работниот стаж го стекнал кај претходен работодавец или кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос.

6. Врз основа на изнесеното, се одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од Претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.84/2000 ПРЕТСЕДАТЕЛ
12.јули 2000 на Уставниот суд на Република
С к о п ј е д-р Тодор Џунов
сс/.

Судија-известител,
д-р Јован Проевски

ДО

Претседателот на Уставниот
суд на Република Македонија

Предмет: Реферат за седница по
предметот У.бр.84/2000

Подносител на иницијативата: Стамен Филипов од Скопје

Оспорен акт: Член 7 точка 3 од Законот за за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот “наполнет кај работодавецот кај когому престанува работниот однос (“Службен весник на РМ”бр.25/2000).

Причини за оспорување: Со сопорениот дел од одредбата се повредува
уставното начело на
еднаквост односно се врши дискриминација помеѓу работниците кои имаат ист работен стаж, само што кај некои работници тој стаж е стекнат кај претходен работодавец, а не кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос поради економски, технолошки, структурални или слични промени.

Содржина на оспорената Во претходната постапка е одлука утврдено дека бо член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој се менува член 130 од Законот за работните односи се предвидени одредени права за работникот што работодавецот е должен да му ги обезбеди, односно е должен да му обезбеди едно од неговите права во случај на економски, технолошки, структурални или слични промени и тоа:
1. Вработување кај друг работодавец без огласување на работното место, со преземање и склучување договор за работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно квалификација или
2. Стручно оспособување, преквалификација или доквалификација за работа кај друг работодавец или
3. Еднокраатен надомест во вид на испратнина, односно едномесечна плата на работникот за секои две години работен стаж наполнет кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос, а најмногу 12 месечни плати, остварена во претходниот месец од денот на престанокот на работниот однос на работникот, што се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.

Спорно правно прашање: Дали со предвидувањето дека на работникот кој поради економски технолошки струк-
турални илислични промени ќе му престане работниот однос испратнината ќе му се исплатува само за оној стаж кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос а не и за целокупниот стаж, се нарушува начелото на еднаквост.

Правно мислење: Според член 32 став 1 од Уставот на Република Македонија има право на
работа, слободен избор на врабо-тување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, а според став 5 на овој член остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и колективни договори.

Според член 58 став 1 од уставот сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.

Според член 1 од Законот за работните односи, работниот однос е дефиниран како договорен однос меѓу работникот и работодавецот.

Поаѓајќи од наведените уставни определби во услови на пазарниот амбиент сопственоста организирањето на трудот и капиталот, оствараувањето на процесот на приватизација на општестениот капитал нужно ја наметна потребата од радикална промена на својството и положбата на трудот и неговиот карактер.

За разлика од дефинирањето на работниот однос во Законот за основните права од работниот однос според кој работниот однос беше утврден како доброволен однос меѓу работникот и организацијата односно работодавецот, заради вршење на определени работи и задачи економски и целесообразно, одговорно користење на средствата во општествена сопственост и заради остварување на правата и обврските што се стекнуваат на работа и по основ на работа, Законот за работните односи, работниот однос го дефинира како договорен однос меѓу работникот и работодавецот заради вршење на определени работи.

Имено, сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето при што трудот нема инфериорна положба наспрема капиталот, односно сопственоста, па оттукаи определбата на законодавецот работниот однос да го дефинира како доброволен, договорен – облигационен однос меѓу работникот и работодавецот.

Имајќи го во вид ваквиот начин на дефинирање на работниот однос за работодавецот од една страна и работникот од друга страна настануваат права и обврски од моментот на склучување на тој договор.

Со оглед на изнесеното сметаме дека со оспорениот дел од одредбата според кој е предвидено дека на работникот кој поради технолошки структурални или други промени ќе му престане работниот однос има право на испратнина во зависност од работниот стаж поминат кај работодавецот кај кого му престанува работниот однос, не се нарушува начелото на еднаквост. Имено ова право не може да се постави во корелација со начелото на еднаквост од причина што работодавецот е должен да им исплати испратнина во одредена висина за она време и на оние работници кои учествувале во создавањето на капиталот а не и на другите кои не учествувале во создавањето на капиталот без оглед на стажот поминат кај друг работодавец.

Со оглед на изнесеното се

П р е д л а г а :

1. Предметот да се изнесе на седница заради разгледување и одлучување,

2. Судот да не поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот член.

Советник, Судија,
Здравка Бојаџиевска д-р Јован Проевски

љс/

Leave a Reply