Решение У.бр.66/2000

У.бр.66/2000

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 јули 2000 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ ОДБИВА барањето на д-р Благоја Николовски од Скопје за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на социјална припадност.

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Благоја Николовски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност, а кои му биле повредени со поединеини акти и дејствија на Министерството за урбанизам и градежништво и тоа со: решение Уп. бр 17-391/3 од 3 март 2000 година и заклуиок за дозвола за извршување Уп.бр. 17-391/3 од 3 март 2000 година со кои му срушен индивидуален станбен објект во станбен комплекс на КП.бр.49 во м.в. Јурија КО Злокуќани; решение Уп. бр. 17-392/2 од 3 март 2000 година и заклучок за довола на извршување Уп.бр. 17’392/3 од 3 март 2000 година на индивидуален станбен објект на КП.бр.49 м.в. Јурија, КО Злокуќани; решение Уп .бр. 17-393/2 од 3 март 2000 година и заклуиок за дозвола за извршување Уп.бр. 17-394/3 од 3 март 2000 година на индивидуален станбен објект станбена зграда изградена на КП. бр.48 м.в. Јурија КО Злокуќани; решение Уп. бр. 17-394/2 од 3 март 2000 година и заклуиок за дозвола на извршување Уп.бр. 17-394/3 од 3 март 2000 година ограда околу станбен комплекс на КП.бр.48/47 м.в. Јурија, КО Злокуќани; решение Уп. бр. 17-395/2 од 3 март 2000 година и заклуиок за извршување Уп.бр. 17-395/3 од 3 март 2000 година котларница со димензии 10,00 х 09,00 м и висина 2,30 м.; решение Уп. бр. 17-397/2 од 3 март 2000 година и заклучок за дозвола на извршување Уп.бр. 17-397/3 од 3 март 2000 година вештачко езеро во станбен комплекс на КП.бр.48 м.в. Јурија, КО Злокуќани, сите изградени од подносителот на барањето.

4. Судот на седницата утврди дека основ за донесување на поединеините акти е членот 202 од Законот за општа управна постапка (“Службен лист на СФРЈ” бр.47/86), кој согласно Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, се применува како републички пропис, иленот 6 од Законот за градежната инспекција (“Службен весник на СРМ” бр.27/67 и 11/91), и иленот 39 став 1 од Законот за изградба на инвестициони објекти (“Службен весник на СРМ” бр.15/90, 11/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.11/94 и 18/99), според кои градежниот инспектор е овластен да донесе решение со кое ќе нареди уривање на објекти ако изградба на објектот се изведува или е изведена без одобрение за градба, а надлежниот орган да ги урне таквите објекти. И според член 43 на овој закон, при вршењето на инспекцискиот надзор урбанистичкиот инспектор проверува особено дали изградбата на објектот се врши или е извршена во согласност со плановите, а спред иленот 44, исто на овој закон, кога при вршењето на инспекцискиот надзор, урбанистичкиот инспектор ќе утврди дека објектот се гради или е изграден спротивно на одредбите на овој закон, е должен да донесе решение за уривање на објектот или негов дел и доведување на просторот во првобитна состојба и да го извести надлежниот орган за издавање одобрение за градење.

5. Согласно илен 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат, меру другото, и на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност.

Според членот 51 од Деловникот на Уставниот суд секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени во илен 110 став 3 од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеца од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединеиен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање.

При неспорен факт дека објектите срушени врз основа на поединечните акти со кој е констатирано дека се изградени без одоборение за градба и друга урбанистиика документација не содржат ниту, пак, ваквите поединеини акти можат да содржат елементи за било каква дискриминација па во тој контекст не можат да бидат основ за дискриминација по основ на социјална припадност. Имено, поединеини акти донесени од надлежен орган и во рамките на законските овластувања на органот и се однесуваат на субјектот, односно на граранинот кој со своето постапување се однесува спротивно на правата и обврските пропишани со закон, според мислењето на Судот не претставуваат акти на дискриминација по основ на социјална припадност.

Меѓутоа, подносителот во своето барање смета дека е дискриминиран по основ на социјална припадност со тоа што нему, врз основа на поединечните акти, му се срушени бесправно изградените објекта, а такви решенија не се донесени и не се срушени, исто така за бесправно изградени објекти и од ист вид во I и II зона на локалитетот Скупи. Всушност проблемот го лоцира на нееднакво постапување на органот при примена на законот, повикувајќи се на уставната гаранција од иленот 9 на Уставот според кој сите грарани пред Уставот и законите се еднакви.

Со иленот 50 од Уставот е утврдено правото на граранинот да се повикува на своите слободи и права пред редовните судови и пред Уставниот суд, во постапка заснована врз начелата заснована на приоритет и итност. Очигледно е дека уставната одредба од илен 110 став 3 на Уставниот суд му дава огранииена надлежност во заштитата на основните слободи и права и тоа само на оние што се изриино наброени во наведената одредба, а не и на другите слободи и права загарантирани со уставот, па во тој контекст се поставува прашањето дали може да се смета дека граранинот е дискриминиран по основ на социјална припадност ако законот не се применува еднакво или спрема сите грарани.

Суштината на забраната на дискриминација по основ на социјална припадност, а Уставниот суд ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат и на забраната на дискриминација, е нејзиниот недискриминаторски карактер и фактот што исклуиува секаква привилегија и облик на повластување од секаков вид и по било кој основ. Ова право е апсолутно тоа не само како уставна гаранција, туку и по својата суштина и содржина, т.н. природно право, зашто забранува востановување на основи и елементи на било какви разлики меѓу луѓето, па според тоа и разликување на лурето во животната практика и кога тие остваруваат одделни свои права и исполнуваат пропишани должности. Апсолутноста на ова право е изразена во уставно утврдената еднаквост на грараните пред законот, и тоа од аспект на содржината на законот и од аспект на примената на законот, но само кога граѓаните остваруваат права и должности пропишани со закон.

Очигледен е фактот, а што произлезе и од јавната расправа, дека инспекцискиот орган не постапува еднакво во приемната на законот, но се поставува прашањето дали ваквото постапување на органот што доби своја верификација и во соопштението на министерот за урбанизам, упатено до граѓаните претставува дејствие во смисла на илен 51 од Деловникот на Уставниот суд и уставна основа за постапување на Уставниот суд во доменот на заштитата од забрана на дискриминација по основ ан социјална припадност.

Судот смета дека ставот на Министерот за урбанизам и градежништво не претставува дејствие во смисла на илен 51 од Деловникот на Судот од прииини што изградените објекти се срушени врз основа на поединечените акти и е последица на тоа што се изградени без правна основа, а не на соопштението како дејствие. Тоа, пак, што на другите грарани исти такви објекти не се срушени или нема да се рушат е прашање на доследност во постапувањето на надлежните органи во примената на законот.

Од друга страна, дејствието на рушење на објектите не произлегува од соопштението на Министерот за урбанизам и градежништво, туку од поединечните акти со кои се утврдува дека објектите се изградени без правен основ, односно соопштението, само за себе, не претставува дејствие со кое се повредува забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност.

6. Во поглед на наводот во барањето дека при рушењето на објектите не било постапено согласно Законот за општа управна постапка и дека со начинот на рушењето на објектите му е нанесена голема материјална штета, Судот смета дека Уставниот суд не е надлежен тој факт да го утврдува, ниту пак тој факт е од влијание на заштитата на забраната од дискриминација по основ на социјална припадност.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски

У.бр.66/2000
12 јули 2000 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов

Leave a Reply