221/1999-0-0

221/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 март 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на

а) Поднасловот ВИ став 2 од Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 1999 година;

б) Поднасловот ВИ став 2 од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 1999 година и

в) Поднасловот ИИИ став 2 од Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 1999 година.

2. Велимир Јовановски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актите означени под а), б) и в) во точката 1 од ова решение. Според подносителот на иницијативата оспорените одредби од програмите не го предвидувале процентот на потребните средства со кои Фондот за здравствено осигурување ќе учествува во реализација на мерките и активностите предвидени со програмите.

Исто така, во оспорените одредби од програмите не биле определени кои се “другите извори”, а не бил содржан ни износот на средства што ќе се обезбедува од другите извори.

3. Судот на седницата утврди дека:

– според поднасловот ВИ став 2 од Програмата, за реализација на мерките и активностите предвидени со Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите од Буџетот на Република Македонија ќе се искористат 17.000.000,00 денари врз основа на доставени фактури за извршена работа, што изнесува 13,65% од вкупно потребните средства, а останатите финансиски средства ќе се обезбедат од Фондот за здравствено осигурување и други извори;

– според поднасловот ВИ став 2 од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија, за реализација на програмските активности за заштита на мајките и децата од Буџетот на Република Македонија ќе се искористат 12.800.000,00 денари, врз основа на доставени факатури за извшрена работа, што изнесува 11,42% од вкупно потребните средства, а останатите финансиски средства ќе се обезбедат од Фондот за здравствено осигурување и други извори и

– според поднасловот ИИИ став 2 од Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за реализација на мерките и активностите предвидени со Програмата за задолжителна имунизација на населението од Буџетот на Република Македонија ќе се искористат 21.025.000,00 денари, врз основа на доставени факатури за извршена работа, што изнесува 9,10% од вкупно потребните средства, а останатите финансиски средства ќе се обезбедат од Фондот за здравствено осигурување и други извори.

4. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по истата.

Со оглед на тоа што оспорените програми не содржат одредба со која фиксно би се определувал процентот на средствата со кои Фондот за здравство би учествувал во реализација на програмите, а имајќи предвид дека во правниот поредок егзистира само тоа што е предвидено во соодветниот закон, односно пропис, Судот оцени дека постојат процесни пречки за оценување нивната уставност и законитост.

Исто така, имајќи го предвид фактот дека оспорените програми се со времен карактер и дека истите веќе ја оствариле својата функција, со истекот на 1999 година, Судот оцени дека и од овој аспект постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.221/99
29 март 2000 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply