177/1999-0-0

177/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот и член 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 29.03.2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на

а) Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 1998 година,

б) Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 1998 година , и

в) Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 1998 година, објавени во “Службен весник на Република Македонија” бр.17/98.

2. Велимир Јовановски од с. Мирковци-Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што во деловите кои се однесуваат на нивното финансирање се смалувале законските обврски на Буџетот на Република Македонија, што не било во согласност со Законот за здравствената заштита.

3. На седницата Судот утврди дека оспорените програми се однесуваат за 1998 година, со чие изминување тие престанале да важат, а со усвојувањето на завршната сметка на буџетот за таа година се ликвидирани и финансиските односи што биле предвидени со нив.

Од друга страна, иницијативата е поднесена во октомври 1999 година, односно по престанокот на правното дејство на оспорените акти.

Врз основа на тоа, а во согласност со член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, според кој Судот ќе ја отфрли иницијативата ако оспорениот акт престанал да важи, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.177/99
29 март 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply