120/1999-0-0

120/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 47 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 јануари 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на член 5 став 2 и на член 8 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија”бр.25/99).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението У.бр.120/99 од 15 септември 1999 година за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија, со Решение У.бр.120/99 од 15 септември 1999 година, поведе постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 на ова решение, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.

4. На седницата Судот утврди дека во текот на постапката Собранието на Република Македонија донело Закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијаа со општествен капитал и на Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.81/99), со кои оспорената одредба од член 45 став 4 (новиот член 100-а од првоозначениот закон) и оспорените одредби од членовите 5 и 8 од второозначениот закон, престанале да важат со нивно бришење.

Со оглед на тоа што оспорената одредба на член 45 став 4 односно од членот 100-а став 4 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и одредбите на членовите 5 и 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со зејоделското земјиште престанале да важат со нивно бришење со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за трнсформација на претпријатијата со општествен капитал, односно на Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.81/99), не постојат процесни претпоставки за понатамошно водење на постапката.

5. Во согласност со ваквото решение се става вон сила и Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорените одредби, како безпредметно.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.120/99
12 јануари 2000 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply