182/1999-0-0

182/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 октомври 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 1 од Законот за изменување на Законот за градежното земјиште (” Службен весник на Република Македонија” бр.71/96).
2. Пандо Павловски од Битола, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорената одредба се укинувал член 15 став 2 од Законот за градежното земјиште со кој се обезбедувало правото на поранешниот сопственик да го понуди земјиштето на Републиката која била должна да го прими, со што се ограничувало правото на сопственост што не било во согласност со член 30 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека според член 1 од Законот за изменување на Законот за градежното земји-ште, во Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89 и 21/91) во членот 15 ставот 2 се брише.
4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.
Во согласност со член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ке ја отфрли иницијативата ако за истата работа веке одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Тргнувајки од тоа дека со иницијативата се бара оценување на одредба со која се брише законска одредба, што всушност значи да се врати во важење укинатата одредба, како и од фактот дека за истата работа Судот постапувајки по предметот У.бр.134/97 со Решение од 24 декември 1997 година ја отфрлил иницијативата и со Решение У.бр.11/97 од 15 април 1998 година ја оценувал уставноста на член 15 од Законот за градежното земјиште и не повел постапка, што значи за истата работа веке одлучувал и не нао?а основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претс едателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.182/99
20 октомври година
С к о п ј е
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply