48/1999-0-0

48/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 во врска со член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 8, член 21 и член 40 од Правилникот за платите и надоместоците на платите во Министерството за одбрана, донесен од Министерот за одбрана.

2. Јавното обвинителство на Република Македонија на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Правилникот означен во точката 1 од ова решение затоа што со нив определени права на работниците се уредени на поинаков начин одошто е тоа уредено во закон и колективен договор; што некои податоци за описот на работните задачи биле “строго доверливи” и што правилникот се објавувал со доставување до организационите единици, што не било во согласност со член 35 и 52 од Уставот и член 5, 69 и 74 од Законот за работните односи.

3. Разгледувајќи го оспорениот правилник Судот утврди дека тој не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија со кој би се уредувале прашања од сферата на вршењето на јавна власт, туку акт од интерен карактер со кој се уредуваат внатрешните прашања од сферата на работните односи во орган на управата.
4. Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по иницијативата и одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 48/99
16 јуни 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply