112/1999-0-0

112/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 61 став 2 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/92 и 30/95) во делот што гласи “може да”.

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 61 став 2 во делот “може да” од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што оспорениот дел од одредбата не бил во согласност со член 9 и 28 став 1 од Уставот на Република Македонија затоа што се правела разлика помеѓу граѓаните-регрути, така што едни ќе се упатуваат на служење на воениот рок, а додека други нема да се упатуваат и ако се наоѓаат во иста положба, поради што се можни и одредени злоупотреби, односно зависи од вољата на надлежните поединци во подрачните единици на Министерството за одбрана.

3. Судот на седницата утврди дека обврската за служење на воен рок, поконкретно е разработена со одредбите на членовите 60 до 65 од Законот за одбрана, при што се утврдени годините на староста на регрутите до кои тие мораат да се упатат на служење на воениот рок (по наполнување на 19 години живот како правило, до 21 година за средношколците, до 26 години живот за регрути запишани на факултет односно друга висока или виша школа).

Во член 61 од Законот за одбрана е предвидено дека регрутот кој од било кои причини не е упатен на служење на воениот рок се упатува на служење до крајот на календарската година во која наполнува 27 години живот.

Во став 2 на овој член е предвидено дека по исклучок од став 1 на овој член, регрутот за кој ќе се утврди дека не ги извршувал обврските за служење на воениот рок пропишани со овој закон, па поради тоа не бил упатен на служење на воениот рок до крајот на календарската година во која наполнува 27 години живот,може да се упати на служење на воениот рок најдоцна до крајот на календарската година во која наполнува 30 години живот.

Според став 3, пак, на овој член регрутот кој не е упатен на служење на воениот рок до истекот на роковите од овој член, а е оценет како способен или ограничено способен за воена служба, се преведува во резервен состав.

4. Според член 9 од Уставот на Република Македонија граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 28 став 1 од Уставот е утврдено дека одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин, а според ставот 2 од овој член на Уставот, остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.

Според член 54 став 1 од Уставот слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Правата и должностите на граѓаните во одбраната на Републиката, во согласност со член 2 од Законот за одбрана, се: да извршуваат воена обврска, да учествуваат во цивилната заштита, да извршуваат работна обврска и да извршуваат материјална обврска.

Според член 4 од овој закон, воената обврска на граѓаните се состои од: регрутна обврска, обврска за служење на воен рок и обврска за служење во резервен состав.

Тргнувајќи од наведените одредби, јасно произлегува дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, дека нивните слободи и права можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот, дека одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин и дека остварувањето на тоа право и должност на граѓаните се уредува со закон.

Притоа, Уставот не го предвидел како посебно право и должност служењето на воениот рок туку најопшто се утврдува одбраната како систем на повеќе форми и начини на нејзино остварување и тоа како право и должност кое се уредува со закон.

Според тоа, право е на законодавецот да ги утврди формите и начините на операционализацијата на одбраната и роковите во кои субјектите – регрути ќе го служат воениот рок односно најдоцна до 27 години возраст.

Во рамките на тоа право законодавецот отишол и понатаму така што ја покачил крајната граница за служење на воениот рок за регрути кои не ги извршиле обврските за служење на воениот рок и предвидел лицето да може да биде упатено на служење на воениот рок до 30 години живот.

Според тоа Судот смета дека со предвидувањето дека регрутот кој не ја извршил обврската за служење на воениот рок до 27 години “може да” биде упатен и до крајот на календарската година во која наполнува 30 години живот, законодавецот бил флексибилен и се определил за законско решение, според кое во периодот од 27 до 30 години старост на регрутот се следат причините поради кои регрутот не ја извршил својата обврска и во зависност од тоа дали се надминати овие причини регрутот може или не може да биде упатен на служење на воениот рок.

Со оглед на изнесеното Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот дел од одредбата со Уставот и одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 112/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
16 јуни 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Јован Проевски Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

У.бр. 112/99
16 јуни 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply