58/1999-0-0

58/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 и 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 април 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за работни односи на ПОС “Струмичанка” во Струмица, донесен на 27 јуни 1994 година.

2. Блажо Донев и други работници вработени во ПОС “Струмичанка” во Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на означениот правилник во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорениот правилник не бил во согласност со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи затоа што предвидувал намалување на платата во случаи кога работникот неоправдано одбивал да ги извршува работните задачи во висина 80% од дневната заработувачка и затоа што предвидувал регресот за годишен одмор да се исплатува доколку за тоа се обезбедат средства.

3. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.

Според член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Тргнувајќи од означените одредби на Уставот, а имајќи предвид дека оспорениот правилник не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот, туку акт на претпријатието, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по иницијативата поради што одлучи како во точката 1 на ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 58/99
28 април 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Судија-известител,
Олга Лазова

Leave a Reply