Решение У.бр.5/1999

У.бр.5/1999

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/90) на седницата одржана на 24 март 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Киро Трајковски за повторување на постапката во предметот У.бр.140/98.

2. Киро Трајковски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за повторување на постапката во предметот У.бр.140/98 во кој Уставниот суд со решение У.бр.140/98 од 18.11.1998 година го отфрли барањето на Киро Трајковски за заштита на правото на работа повредено со дискриминација, затоа што беше поднесено по истекот на два месеци од добивањ ето на правосилната судска пресуда со која е одлучувано за неговото право на работа.

Подносителот на барањето наведува дека по добивањето на оспореното решение на Уставниот суд на Република Македонија се стекнал односно дознал за нови докази од кои можело да се утврди дека неговиот работен однос му престанал поради дискриминација по основ на неговите синдикални активности.

3. Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе го отфрли барањето ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Иако повторувањето на постапката не е утврдена како правно средство во постапката пред Уставниот суд, Судот, врз основа на означената одредба од Деловникот, го разгледа своето решение У.бр.140/98 од 18.11.1998 година и утврди дека новите докази кои ги поднесе Киро Трајковски не влијаат на процесните основи за донесување на тоа решение односно не претставуваат основ за поинакво одлучување на Судот. Имено, новите докази воопшто не се однесуваат на утврдувањето на роковите за поднесување на барањето за заштита на поединечнит права пред Уставниот суд, поради чие истекување Судот го донесе означеното решение, туку на факти од кои зависи оценката дали работниот однос на Киро Трајковски му престанал поради неговите синдикални активности или не, за што Уставниот суд воопшто не одлучуваше поради процесни пречки.

Поради тоа Уставниот суд одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот н а Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Јован Проевски д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.5/1999
05.01.1999 год.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply