28/1999-0-0

28/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 март 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на членовите 7 и 8 од Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми” – Скопје, донесен од Управниот одбор на Јавното претпријатие на 25 февруари 1998 година.

2. Здружението на граѓани за заштита на интересите на сопствениците на шуми од Куманово на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на членовите 7 и 8 од Статутот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорените одредби од Статутот се уредувало Јавното претпријатие “Македонски шуми” покрај стопанисувањето со шумите, да врши и други дејности кои не биле од јавен интерес, со што ова претпријатие се јавувало како повластен субјект со монополско однесување на пазарот, што не било во согласност со член 55 став 2 од Уставот, како и со член 2 од Законот за јавните претпријатија и членовите 17 и 84 од Законот за шумите.

Како дејности што со оспорените одредби од Статутот биле определени да ги врши Јавното претпријатие, подносителот на иницијативата, ги наведува: одгледување на шуми, заштита на шуми, искористување на шуми, лов и одгледување на дивеч, производство и преработка на камен, производство на вар, поледелство, рибарство на реки и со рибници, сточарство, производство на овошје, преноќишта, гостилници, планинарски домови и сл., туристичко биро, превоз на патници со друмски сообраќајни средства, менувачки работи, надворешна трговија со прехранбени производи, надворешна трговија со непрехранбени производи, производство на минерална вода, трговија на големо и мало, трговија на големо и мало со огрев и градежен материјал (промет со шумски сортименти и други шумски производи), проектирање и друго.

3. Судот на седницата утврди дека според член 7 од Статутот, Јавното претпријатие ги врши следните дејности:

“030001 – одгледување на шуми

Одржување на шуми (нега на шуми, чистење на шуми, чистење на стебла од ветки, чистење и проретчување, обнова на шуми (подготвување и мелиорации на земјиште, посадување и пополнување на редовни сечишта и др., реконструкција на шуми (претворање на понизок одгледувачки тип во повисок, замена на видови, внесување иглолисници во шума на широколисни, мелиорација на земјиште и др.), подигање на нови шумски насади, пошумување необраснато шумско земјиште и др.

Производство на семе и садници.

030002 – заштита на шуми

Заштита на шуми и шумско земјиште од растителни болести и штетници, од домашен добиток и дивеч, од пожар, од аерозагадување, штетни климатски фактори.

Чување и заштита на шуми и шумско земјиште од противправно присвојување и други противправни дејности.

030003 – искористување на шуми

Производство на шумски сортименти (обло, делкано и цепкано дрво и друг суров материјал од дрво), собирање шумски производи (шумско семе, шумски плодови, смоли, лековити билки, печурки, пчеларење, одржување шумски сообраќајници и други објекти што служат за искористување на шуми, шумски транспорт, превоз на дрво (со запрега, моторни возила или со сплаварење до главниот склад, или до јавен пат, како и организирање и вршење на дотур на шусмки сортименти”.

Според член 8 од Статутот Јавното претпријатие може без запиушување во трговскиот регистар да врши помал обем на други дејности освен оние предвидени во член 7, кои е вообичаено да се извршуваат заедно со гореспоменатите дејности ако придонесуваат за подобро искористување на капацитетите на претпријатието.

4. Според член 28 алинеја 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Тргнувајќи од содржината на оспорените одредби од Статутот, според мислењето на Судот, неспорен е фактот дека подносителот на иницијативата оспорува содржини кои не постојат во одредбите на Статутот на Јавното претпријатие и дека оценката во однос на определувањето на дејностите, односно предметот на работа на Јавното претпријатие, како всушност и на другите деловни субјекти е во надлежност на регистарскиот суд, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 28/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
10 март 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител
д-р Јован Проевски

У.бр. 28/99
10 март 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply