212/1998-0-0

212/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 јануари 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 376 став 4 од Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.15/97).
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членот 376 став 4 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се исклучува правото на жалба како едно од основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одредба е поместена во делот на Законот за кривичната постапка што се однесува на одлуките што второстепениот суд ги донесува по жалби на странките во кривичната постапка, мериторно против првостепените одлуки.
Во членот 376 од Законот, имено, е предвидено дека второстепениот суд уважувајки ја жалбата или по службена должност со решение ке ја укине првостепената пресуда и ке го врати предметот на повторно судење ако утврди дека постои суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, освен во случаите од член 377 став 1 на овој закон, или ако смета дека поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба треба да се нареди нов главен претрес пред првостепениот суд.
Второстепениот суд може да нареди нов главен претрес пред првостепениот суд да се одржи пред наполно изменет совет.

Второстепениот суд може и само делумно да ја укине првостепената пресуда ако одделни делови од пресудата можат да се издвојат без штета за правилното пресудување.
Во оспорениот став 4 на овој член е предвидено дека ако обвинетиот се наоѓа во притвор второстепениот суд ке испита дали уште постојат причини за притвор и ке донесе решение за продолжување или укинување на притворот. Против ова решение не е дозволена жалба.
4. Според член 12 став 1 од Уставот слободата на човекот е неприкосновена.
Според став 2 на овој член никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на суд и во случај и во постапка утврдена со законот. Според став 5 на член 12 кој е изменет со амандманот 3 на Уставот на Република Македонија од 1 јули 1998 година е предвидено дека притворот до подигање на обвинение, по одлука на суд може да трае најдолго 180 дена од деднот на притварањето.
По подигање на обвинението притворот го продолжува или го определува надлежен суд во случај и во постапка утврдена со закон.
Според член 15 од Уставот, се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.
Во член 54 став 1 од Уставот е предвидено дека слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
5. Имајки ги предвид наведените уставни одредби несомнено е дека слободата на човекот е едно од неговите неприкосновени права кое може да биде ограничено само со одлука на суд и во случаи и во постапка утврдена со закон.
Уставот гарантирајки ја слободата на човекот и граѓанинот оди до таму што го утврдува и времетраењето на притворот кој може до подигање на обвинение да трае 180 дена а по подигање на обвинение притворот може да се определи или да се продолжи само со одлука на надлежен суд, но чие траење не е уставно ограничено.
Имајки предвид дека со притворот се ограничува личната слобода на човекот, Законот за кривичната постапка врз основа на Уставот детално го уредува институтот притвор како најстрога мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот во постапката.
Имено, во членот 184 на Законот за кривичната постапка точно се утврдени основите кои треба да бидат исполнети за да може да се определи притвор спрема обвинетиот. Во членот 185 од Законот е утврдено дека притворот го определува истражниот судија со решение во кое покрај личните податоци на обвинетиот, кривичното дело за кое се обвинува, законската основа за притворот утврдена е и поука за правото на жалба по однос на утврдувањето на притворот. Во ставот 5 на член 185 е предвидено дека против решението за притвор притвореното лице може да се жали до Советот (член 22 став 6) во рок од 24 часа од часот на предавањето на решението за притвор. Советот што одлучува по жалбата за притворот должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.
За траењето на притворот по предавањето на обвинителниот акт Законот предвидува повремена контрола која се остварува по службена должност од страна на Советот секои 30 дена и без предлог на странките. За траењето на притворот Советот одлучува и при секое одлучување по предметот.
Прашањето на контрола на судот за оправданоста на обвинетото лице да биде притворено односно притворот да биде укинат или продолжен е утврдена и во постапката по жалба пред второстепениот суд. Имено, второстепениот суд како што е понапред наведено, постапувајки по жалбата во случајот кога таа ке ја уважи и првостепената пресуда ке ја укине, е должен ако обвинетото лице е во притвор да испита дали уште постојат причини за притвор и ке донесе решение за продолжување или укинување, против кое решение не е дозволена жалба.
Имајки ги предвид наведените законски оредби по однос на правото на жалба против решението за притвор може да се заклучи дека во конкретниов случај не станува збор за повреда на правото на жалба утврдено во член 15 од Уставот, од причини што правото на жалба е обезбедено при определување на притворот кога за притворот одлучува истражниот судија или советот. Како што е определено со одредбата од членот 376 став 4 од Законот за кривичната постапка, жалба не е дозволена затоа што кога второстепениот суд одлучува за главната работа при тоа едновремено ја испитува и основаноста на определениот притвор како второстепен суд, што зачи дека тој во такво својство решава и за притворот, со исход притворот да се продолжи или укине. Со тоа е остварено правото од членот 15 од Уставот за гарантирање на правото на жалба против поднесени правни акти, донесени во постапка во прв степен пред суд…. Во кривичната постапка применет е принципот на двостепеност. Затоа против одлуката на второстепениот суд не е дозволена жалба, во овој случај, не трет степен. Натаму, во поткрепа на ваквото становиште оспорената одредба треба да се гледа и во контекст со член 380 од Законот во кој е предвидено како треба да постапи првостепениот суд кога второстепениот суд ке ја укине првостепената пресуда и предметот ке го врати на повторно судење. Во таков случај е предвидено дека, ако обвинетиот е во притвор Советот на првостепениот суд е должен да постапи според член 189 став 2, што значи дека обвинетиот може да се задржи во притвор само врз основа на решение за продолжување на притворот, против кое решение е дозволена жалба.
Од изнесеното несомнено може да се заклучи дека секогаш кога се определува притвор од страна на првостепениот суд е дозволена жалба. Со тоа целосно се почитува уставното право утврдено во член 15. Наспроти тоа, ова право не се однесува на одлучувањето од страна на второстепениот суд, поради што не може да се постави прашњето за согласноста на оспорената одредба со Уставот, посебно имајки предвид дека второстепениот суд не определува притвор туку дека одлучува за веке определен притвор.
6. По однос на наводите во иницијативата, дека оспорената одредба не е во согласност со член 54 став 1 според кој слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот, Судот смета дека не може да се постави прашањето за повреда на оваа одредба, имајки предвид дека решението за притворот уредено е во уставните рамки.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.212/98
27 јануари 1999 година
С к о п ј е
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply