87/1998-0-0

87/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Устанвиот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 7 октомври 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за измени и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Тетово во делот на ВИ станбен заедница бр.08-283/3, донесена од Собранието на Општина Тетово на 27 мај 1996 година.

2. Сали Салихи и Садие Салихи од Тетово на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за оценување законитоста на Одлуката означена во токат 1 од ова решение, затоа што со неа се врши измена на генералниот урбанистички план без да биде спроведена постапка предвидена со Законот за просторното и урбанистичкото планирање. Подносителите на иницијативата со посебна иницијативаа бараа Судот да ги запре од извршување поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт.

3. На седницата Судот утврди дека на 27 мај 1996 година Собранието на општина Тетово донело Одлука за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на Тетово во делот на ВИ станбена заедница.

Со оваа одлука се врши измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Тетово во делот на ВИ станбена заедница со заменување на предвидената содржина од отворени спортски објекти со утврдување на локација за градба на училишна зграда за Средно медицинско училиште “Никола Штејн” – Тетово заедно со земјиштето кое ќе му припадне на објектот за неговата редовна употреба.

Составен дел на Одлуката е графичкиот и текстуалниот дел на Генералниот урбанистички план кои што се однесуваат на ВИ станбена заедница заедно со овие измени и дополнувања.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на општина Тетово”.

Од превземените претходни дејствија и од добиената документација јасно е дека оспорената одлука е донесена без да биде спроведена постапка предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање и без да биде добиена согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот.

4.Според член 17 од наведениот закон плановите од член 7 на овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план.

По нацрт на Просторниот план на Реубликата просторните планови на регионот, национален парк, Град Скопје и на општината Генералниот урбанистички план како и за урбанистички план за граничен премин и за локалитет со објекти од јавен интерес се организира стручна расправа со учество на претставници на органите и организациите од подрачјето опфатено со планот.

Стручната расправа по Генералниот урбанистички план ја организира општината.

Според член 18 став 3 за стручната расправа министерството надлежно за работите на урбанизмот изготвува извештај со образложение за неприфатените забелешки кој се доставува заедно со предлог на планот на усвојување.

Од изнесените законски оредби произлегува дека донесувањето и изменувањето на урбанистичките планови меѓу кои и донесувањето и изменувањето на генералниот урбанистички план се врши според определена постапка.

5. Според член 22 став 3 од Законот општината донесува урбанистички планови и тоа генерален урбанистички план, детален урбанистички план и урбанистичка документација за населено место во општината.

Според став 6 на овој член урбанистичките планови можат да се спроведуваат по издавање на согласност од министерството надлежно за работите на урбанизмот.

Според став 7 на овој член плановите за кои не е издадена согласност од став 6 на овој член се сметаат дека не се донесени.

Според член 23 став 2 од наведениот закон согласност на планот се издава во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издаде во овој рок, ќе се смета дека истиот е издаден.

Од изнесените одредби произлегува дека урбанистичките планови можат да се спроведуваат и да бидат перфектен по издавањето на согласноста од Министерството надлежно за работите на урбанизмот.

Имено, интенцијата на законодавецот била да го задолжи доносителот на планот да побара согласност за да може планот да се спроведе, а од друга страна да го задолжи и надлежниот орган во определениот рок да даде согласност.

Според тоа недостатокот на согласноста кога таа не е побарана го прави планот правно неперфектен, а кога согласност е побарана а не е добиена во предвидениот рок го прави истиот перфектен односно се смета дека согласноста е издадена и планот може да се спроведува.

Со оглед на тоа што во конкретниов случај доносителот на актот не побарал согласност за генералниот план од надлежниот орган, Судот оцени дека планот не може да се спроведува бидејќи согласно член 22 став 7 од Законот плановите за кои не е издадена согласност се сметаат дека не се донесени. Од тука произлегува логичен заклучок дека не постои акт подобен за уставно-судска оценка, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Во однос на барањето за изрекување на времена мерка, Судот оцени дека поаѓајќ од фактот што нема акт подобен за уставно-судска оценка не постојат услови за донесување на решение за запирање од извршување на поединечни акти и дејствија.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од Претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талески и д-р Тодор Џунов. (У.бр.87/98)

Leave a Reply