141/1998-0-0

141/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 септември 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиситување на Одлуката У.бр.15/94, донесена од Уставниот суд на Република Македонија на седницата од 7 декември 1994 година..
2. Светозар Георгиевски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за преиспитување на Одлуката У.бр.15/94 од 7 декември 1994 година со која Судот го укина член 6 и член 11 во делот со кој се забранува исплата на дивиденди од Законот за исплата на плати и пензии, затоа што Судот не се изјаснил по прашањето за повратното дејство на овој член.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со Решение У.бр.15/94 од 7 декември 1994 година го укинал членот 6 од Законот за исплата на плати и пензии.

Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Со оглед на тоа што Судот го укинал оспорениот член 6 од Законот означен во точката 1 од ова решение, а не постојат нови факти и докази, односно не наоѓа основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.141/98)

Leave a Reply