5/1998-0-0

5/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија член 71 и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 април 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на член 83 од Статутот на Работната организација “Свети Климент Охридски” од с. Ново Село -Струмица, донесен со референдум на 30 јануари 1986 година.

2. Љубица Јованова од с. Ново Село-Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на член 83 од статутот означен во точката 1 од ова решение, затоа што при именувањето на директорот, односно вршител на должноста директор, не предвидувал учество на претставници на општествената заедница, што не било согласно со Законот за избор на органите на управување и на другите органи во организациите на здружениот труд и со Законот за предучилишното и основното воспитание и образование.

3. Судот на седницата утврди дека согласно член 83 од Статутот одлуката за именување на должноста т.е. вршител на должноста директор на училиштето, ја донесува советот на училиштетот со мнозинство гласови од вкупниот број на челновите.

Исто така, Судот на седницата утврди дека во меѓувреме, оспорениот статут претстанл да важи; дека Законот за избор на органите на управување и на другите органи и организации на здружениот труд со укинувачка одлука на Судот е остранет од правниот поредок и дека Законот за предучили+ното и основно воспитание и образоание, со стапување во сила на Законот за основно образование, престанал да важи во делот што се однесува на основното воспитание и образование, престанал да важи во делот што се однесува на основнот воспитание и образование.

Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Репбулика македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по неа.

Со оглед на тоа што оспорениот статут, претстанал да важи, а законите во однос на кои се оспорува, исто така, се отстранети од правниот поредок, односно престанале да важат, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.5/98)

Leave a Reply