182/1997-0-0

182/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 ноември 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за пополнување на Армијата на Република Македонија со војници по договор, Дов.бр.1316 од 29 февруари 1994 година, донесен од министерот за одбрана.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Стамен Филипов од Скопје, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот озна чен во точката 1 од ова решение. Во иницијативата се наведува дека со оспорениот правилник се уредувале прашања што се однесувале на пополнување на Армијата на Република Македонија со војници по договор и тоа: условите за прием, постапката за прием, склучување на договор за права и обврски, евиденција и престанок на службата на војниците по договор. Правилникот бил заснован на член 27 точките 2 и 5 од Законот за одбрана и член 161 од Законот за органите на управата. Ме?утоа, оспорениот правилник не бил во согласност со членот 27 точките 2 и 5 од Законот затоа што не бил заснован на документите за развој на армијата, ниту на актите на претседателот на Републиката.
Исто така од означените одредби на Законот не произлегувало право и овластување на министерот за одбрана со правилник да ги уредува условите за прием, склучување на договор за права и обврски, евиденција и престанок на службата на војниците по договор, туку само да ги утврдува местата кои се пополнувале со војници по договор и да склучува договори со нив (конкретен договор), што значело дека за овие прашања општи прописи донесувал претседателот на Републиката, а не министерот за одбрана.
Понатаму, во иницијативата се наведува дека местата кои се пополнувале со војници по договор, согласно член 15 став 1 точка 4 и член 25 од Законот за одбрана и член 4 алинеја 1 од оспорениот правилник, се утврдувале според организацијата и формацијата на армијата, а не со Планот за кадровско обезбедување на Министерството за одбрана, како што било предвидено во членот 2 од Правилникот. При тоа, подносителот на иницијативата напоменува дека Законот за одбрана не предвидувал план за кадровско обезбедување на Министерството за одбрана.
3. На седницата Судот утврди дека оспорениот правилник престанал да се применува, сметано од април 1997 година со донесување на нов Правилник за пополнување на Армијата на Република Македонија со војници по договор.
Со оглед на тоа што оспорениот правилник престанал да важи Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки да одлучува за неговата уставност и законитост, поради што согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Ис љами, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр. 182/97
26 ноември 1997 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Leave a Reply