129/1997-0-0

129/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29.10.1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката за формирање иницијативен одбор за изградба на регионален водовод на Иловачка река, донесена од Советот на Општина Бисилово на 21.03.1997 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Владата на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се одлучувало за прашања кои биле надлежност на водостопанските организации, а не на општината.

3. Според член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи, колективни договори и одделни општи акти со Уставот и законите.

На седницата Судот утврди дека оспорената одлука не претставува пропис или друг акт за чија законитост е надлежен да одлучува, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.129/97)

Leave a Reply