61/1997-0-0

61/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 јуни 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Статутот на Авто мото Друштвото “Водно”, донесен на 20 ноември 1995 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Илинка Велкова – претседател на Собирот на работниците во работната заедница АМД “Водно” преку адвокатот Љубе Симјановски од Скопје му поднесе иницијатива за оценување законитоста на статутот означен во точката 1 од ова решение, затоа што бил донесен без присуство на вработените во работната заедница од кои според Статутот од 29 јануари 1985 година за статутарни промени било потребно учество на 3 члена.

Согласно член 110 став 1 алинеја 7 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните.

Од изнесената одредба произлегува дека Уставниот суд ја цени само уставноста на програмите и статутите на здруженијата на граѓаните, а не и нивната законитост.

Со оглед на тоа што со иницијативата се бара оценување на постапката за донесување на Статутот , а тоа е прашање што се уредува со закон, а не оценување на неговата уставност, Судот оцени дека не е надлежен да ја оценува законитоста на Статутот на Здружението на грагаѓните, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков, и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.61/97)

Leave a Reply