106/1996-0-0

106/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 47 став 1 алинеја 3 и член 71 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 април 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на законитоста на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за донесување план за реализација на централното градско подрачје на Битола, донесена од Собранието на Општина Битола, на 28 декември 1994 година.

2. Уставниот суд на Република Македонија, постапувајќи по иницијативата на Марко Тасевски од Битола, со решение У.бр.106/96 од 27 ноември 1996 година поведе постапка за оценување законитоста на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за донесување план за реализација на централното градско подрачје на Битола, донесена од Собранието на Општина Битола, на 28 декември 1984 година, Судот вака одлучил од причина што утврдил дека доносителот на актот ја донел оспорената одлука без да ја спроведе целокупната постапка предвидена во Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, во смисла на тоа што не спровел нова јавна расправа, поради што пред Судот се постави прашањето за нејзината согласност со одредбите од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.

3. Од доставената документација од страна на Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина – Подрачна единица – Битола во одговорот на наводите содржани во решението за поведување на постапка, Судот утврди дека врз основа на решение бр.12-583/94 од 12 септември 1994 година била спроведена повторна јавна расправа со изложување на нацрт-планот на јавен увид кој траел од 15 септември 1994 година до 30 септември 1994 година, со што биле отстранети недостатоците во постапката за донесување на планот на кои му било укажано на доносителот со решенијата на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.53/93 и У.бр.54/93.

4. Имајќи предвид дека решението за поведување постапка за оценување законитоста на оспорената одлука е донесено од причина што пред судот основано се псотавило прашањето за нејзината согланост со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање поради не постоење на доказ за одржана јавна расправа по нацрт на деталниот урбанистички план, а по донесувањето на решението за поведување на постапката за оценување на законитоста на оспорената одлука нејзиниот доносител доставил докази од кои што судот утврди дека оспорената одлука била донесена во јпостапка пропишана со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, односно дека била спроведена јавна расправа по нацртот на деталниот урбанистички план, следуваше судот да одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.106/96)

Leave a Reply